Иако играл со Лео Меси во ист тим, за него друг е најдобриот играч со кој играл заедно на теренот.
Златан Ибрахимовиќ, пензионираниот шведски фудбалер, одговори на неколку кратки прашања во интервју за La Gazzetta dello Sport. Едно од нив се однесуваше на најдобриот играч со кој играл во кариерата, а Ибрахимовиќ не го избра Лионел Меси како одговор, што би било очекувано.
Ибра прашањата ги одговори во свој стил:
Име?
- Бог.
Прекар?
- Ибракадабра.
Каков беше на училиште?
- Одличен, најдобар.
Еден збор со кој би се опишал себеси на теренот?
- Комплетен.
Еден збор со кој би се опишал себеси надвор од теренот?
- Комплетен.
Дали ти недостасува Милан?
- Да.
Најдобриот напаѓач во моментов?
- Имам двајца, Холанд и Мбапе.
Твојот најдобар гол?
- Против Англија.
Кој ќе биде шампион на Италија сезонава?
- Милан.
Најдобар играч со кој си играл?
- Патрик Виера.
Најдобриот дефанзивец против кој си играл?
- Малдини, Неста, Кјелини... Не можам да изберам само еден.
Хоби?
- Тренинг.