УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Го протера среде ЛШ, излезе од терен, тркна до тоалет и не се врати

Најголемата надеж на Барселона, младиот Ламин Јамал, беше главен протагонист на една неверојатна ситуација на натпревароот од Лигата на шампионите против Порто кога во 71. минута го напушти теренот и отиде во тоалет, но повеќе не се врати во игра.

Тоа можеби и не беше толку чудно доколку тој не отсуствуваше цели 9 минути, а Барселона во тој период играше со играч помалку. Имено, Јамал искористи еден прекин за да тркне до тоалет, но испаднало дека ситуацијата е посериозна отколку што се надевал, па се задржа. Сите на стадионот и покрај малите екрани се чудеа зошто Барса игра со играч помалку.

Тренерот на Барса, Чави Ернандес, подоцна потврди дека 16-годишникот имал одредени здравствени проблеми и на крајот го замени со Маркос Алонсо во 80. минута. Така, Јамал одигра 71 минута на „Драгао“, но официјалната статистика ќе брои дека играл 80 бидејќи тогаш беше официјално заменет.

URL

„Јамал не се чувствуваше добро. Ми кажуваше некое време. Ја искористив паузата во играта за да му кажам да биде брз и да оди во тоалет, но на крајот ми рекоа дека нема да може да се врати на теренот“, објасни Чави.

Барселона подоцна беше официјално намалена на 10 играчи бидејќи Гави беше исклучен во судиското надополнување, а Ламин Јамал беше многу среќен што неговото отсуство не влијаеше премногу на конечниот резултат бидејќи Каталонците победија со 1:0 благодарение на голот на Феран Торес.

Инаку, новопечениот шпански репрезентативец Јамал синоќа стана најмладиот играч кој некогаш започнал натпревар од Лигата на шампионите од првата минута. Јамал до тој подвиг стигна со 16 години и 83 дена, откако Чави го вклучи во првите единаесет на стадионот „Драгао“.

Исто така, најавено е дека Јамал ќе одбие нов договор со кој ќе остане на „Ноу Камп“ до 2026 година.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе