Го спасија секунди пред да експлодира
Американски полицајци во последен момент спасија возач на камион пред неговото возило да експлодира.
Двајца полицајци од Њу Џерси извршија драматично спасување на човек кој беше во камион што гореше. Возачот е повреден, но во стабилна состојба, а животот им го должи на двајцата полицајци кои и покрај заканата за експлозија решија да ризикуваат и да го извлечат од запалениот камион кој се вивна во пламен секунди откако го извршија спасувањето.