Голден Стејт може без Кари, Торонто ја елиминира Индијана

Кошаркарите на Торонто Репторс последни изборија пласман во четвртфиналето во плејофот во НБА лигата. Репторси, во седмиот натпревар ја совладаа Индијана со 89:84 и во наредната рунда ќе играат против Мајами. На Западот Голден Стејт и без Стеф Кари, во првиот меч од втората рунда, лесно се справи со Портланд 118:106.

Торонто по 15 години ја мина првата рунда во плејофот, во 2001 година Репторси славеа над Њујорк 3-2, а во 2016 ја елиминираа Индијана со 4-3.

Демар Дерозан постигна 30 поени, а Јонас Валанчунас имаше учинок од 10 поени и 15 скокови. Индијана ја предводеше Пол Џорџ со 26 поени и 12 скокови.

Торонто во полуфиналето на Источната конференција ќе игра против екипата на Мајами, која, исто така, во седум натпревари го елиминираше Шарлот.

На Западот, Голден Стејт и Портланд ја започнаа својата полуфинална серија. Без Стеф Кари, актуелните шампиони лесно го победија Портланд 118:106. Отсутниот Кари го замени Клеј Томпсон кој постигна 37 поени (7/14 за три), додека Дрејмонд Грин го забележа 14 „трипл-дабл“ во сезоната (23 поени, 13 скокови, 11 асистенции).

Вториот меч се игра повторно во Оукленд на 3 мај, а Портланд ќе биде домаќин на 7 и 9 мај кога се очекува во тимот на Голден Стејт враќањето на Стеф Кари.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=VPI3oAsyBx8]

 

реклама

Кошарка

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Read more

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе