Гoлем кинески хороскоп за март: Кои знаци ги чека нова љубов и многу пари?

Дознајте што ви носи кинескиот хороскоп за март 2023 година.

Месечниот хороскоп за март 2023 година најави бројни промени за повеќето знаци во Зодијакот, дознајте кои се вашите предвидувања за овој месец според кинеската астрологија...

СТАОРЕЦ

Родени: 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008 година.

Треба да се фокусирате на вашата внатрешна сила. Грижете се за финансиите, вашата негрижа може да резултира со големи трошоци. Не дозволувајте вашите емоции да ви го засенат умот: во оваа состојба ризикувате да кажете многу непотребни работи, за кои подоцна ќе зажалите. Бидете креативни, тоа ќе ви даде сила и мотив да продолжите понатаму.

БИВОЛ

Родени: 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009 година.

Полека, но сигурно се движите кон својата цел. Не дозволувајте да ве спречи фактот дека резултатите сè уште не се забележливи - го избравте вистинскиот пат. Поставете ги вашите приоритети внимателно. Отфрлете ги помалку важните работи во корист на важните. Пазете се од зависта на некој од вашата околина. И научете да си ги признавате грешките.

ТИГАР

Родени: 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010 година.

Новиот месец ќе донесе нови можности. Секоја промена во кариерата ќе ви користи. Прифатете понуди за промена на работни места или позиции. Контролирајте ги трошоците - сега не е најдобро време за претерано трошење. Во вашето расположение делувате контрадикторно - вашите постапки се спротивни од она што го мислите и кажувате, што ќе го збуни партнерот.

ЗАЈАК

Родени: 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011 година.

Март ќе биде успешен месец во секој поглед. Конечно наоѓате значење во вашата кариера што ќе ве поттикне да одите понатаму. Сè е стабилно и во финансискиот сектор, но парите што ги заработувате надвор од вообичаеното е подобро да не ги трошите, туку да ги штедите за идни поголеми трошоци. Секој потфат овој месец ќе биде успешен. Сингл претставниците на овој знак ги имаат сите шанси да најдат љубов.

ЗМЕЈ

Родени: 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012 година.

Ќе се соочите со разочарување, кое ќе потрае некое време за да го прифатите. Ова ќе влијае на вашата состојба, но запомнете дека сонцето секогаш се крие зад облаците и наскоро ќе почнете да имате нови надежи и желби. Не се обидувајте да контролирате што е надвор од ваша контрола, како што се мислите и постапките на другите луѓе. Фокусирајте се на работата, особено затоа што ќе треба да се потсетите на вештините што одамна сте ги заборавиле.

ЗМИЈА

Родени: 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013 година.

Овој месец нема да биде мирен како минатиот. Ќе разберете каде грешите и тоа ќе ви овозможи нови можности за раст. Само вие сте главната причина за вашите победи и неуспеси. Слушајте ги советите, пријателската поддршка сега ви е многу неопходна. Внимавајте што и како зборувате - вашите зборови може да ги повредат најблиските.

КОЊ

Родени: 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014 година.

Овој месец ќе сфатите многу за себе. И какви заклучоци ќе донесете многу ќе влијае на вашата судбина. Сега и малите одлуки ќе имаат големи последици за вас, па не смеете да бидете несериозни и лековерни. Успех на професионален план ќе ви донесе тимската работа. Оние коис е сингл ги очекува пријатно познанство, но оние кои се долго време во врска може да се на работ на раскинување. Размислете колку ви е важен партнерот.

КОЗА

Родени: 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015 година.

Пролетта со себе ќе донесе дух на обнова. Ова важи за сè во вашиот живот: од експериментирање со вашиот изглед до создавање нови врски на полето на кариерата. Ќе има навистина добри можности пред вас, но не се обидувајте да ги искористите сите. Во љубовта, првиот впечаток може многу да измами, затоа не избрзувајте со заклучоци.

МАЈМУН

Родени: 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004 година.

На работа добивате потврда, а покрај личното задоволство ќе ви донесе и нови финансиски можности. Внимавајте на здравјето - проблемите од минатото може повторно да се активираат. Не го идеализирајте партнерот, тоа може да испадне многу разочарувачки за вас. Ја поставивте границата превисоко за да може вистинската личност да ја досегне.

ПЕТЕЛ

Родени: 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005 година.

Очекувајте неколку помали проблеми овој месец. Сами сте способни да направите „од мува-слон“. Останете смирени во секоја ситуација. Бидете внимателни со купувањето - непромисленото купување нема да ви донесе радост. Во романтичните врски, може да откриете дека вашите чувства не се возвратени. Не се обесхрабрувајте, многу наскоро нова љубов ќе влезе во вашиот живот.

КУЧЕ

Родени: 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006 година.

Ова е среќен месец за вас. На професионално поле, промената на гледиштето ќе ви даде нова инспирација и ќе донесе добри резултати. Игнорирајте ги критиките, вистината е на ваша страна. Вашата привлечност е особено изразена сега, но внимавајте да не ви донесе непотребни проблеми во иднина.

СВИЊА

Родени: 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007 година.

Напливот на енергија што ќе го доживеете овој месец ќе вдахне нов живот во вашите стари проекти. Секоја нова информација последователно ќе отвори нови перспективи. Не се задржувајте на грешките од минатото и обидете се да ја ограничите комуникацијата со оние кои се обидуваат да направат да се чувствувате виновни за она што се случило.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе