Голем неделен хороскоп: Лавот има нови бизнис можности, Стрелецот тајна афера

Дознајте дали ѕвездите ќе ви бидат наклонети во периодот од 29 јануари до 4 февруари 2024 година.

ОВЕН

Ова е ваша недела. Ве очекува прилив на пари, кој треба паметно да го искористите. Можни се ненадејни трошоци и дефекти во куќата. Во љубовта сè оди како што сте замислиле. Вашите најдобри денови ќе бидат вторник и петок.

БИК

Биковите треба да се трудат повеќе со задачите и обврските - можеби ви се натрупаа викендов. Во средината на неделата ќе бидете во поволна финансиска ситуација. Оние со приватен бизнис ќе имаат полни раце работа, а со тоа и пари. Слободните Бикови ќе имаат можност да остварат интересни познанства и нешто повеќе. Одлуката зависи од вас! Обрнете внимание на исхраната. Вашите најдобри денови ќе бидат среда и петок.

БЛИЗНАЦИ

Ѕвездите ви носат вистинско освежување оваа недела. Полека излегувате од хаосот и во тоа можат да ви помогнат луѓе од доверба. Посветете повеќе внимание на документацијата и на она што го потпишувате. Можни се средби со надлежните органи. Сè оди во ваша корист! Слободните Близнаци запознаваат личност која одговара на нивната интелигенција, додека зафатените Близнаци ја подигнуваат врската со партнерот на повисоко ниво. Вашите најдобри денови ќе бидат вторник и сабота.

РАК

Оваа недела е вистинско време да се посветите малку повеќе на себе. Притоа, не ги занемарувајте обврските и бидете вредни. Можен е повик од стар пријател. Имате толку многу за зборување! Во љубовта очекувате премногу. Бидете реални и бидете подготвени за разговори со партнерот. Слободните Ракови уживаат да поминуваат време со интересна личност. Вашите најдобри денови ќе бидат петок и недела.

ЛАВ

Лавовите јуришаат во полна сила оваа недела. За вас се отвораат нови деловни врати и луѓето ве гледаат како вистински партнер. Женска личност од минатото ќе ви биде од помош. Не ги потценувајте нејзините можности и интелигенција. Можен е замор кон крајот на неделата, дајте си оддишка. Обрнете внимание на крвниот притисок. Вашите најдобри денови ќе бидат среда и недела.

ДЕВИЦА

Почетокот на неделата е бурен, но како што одминуваат деновите ќе имате сè  помалку обврски. Не заборавајте да ги платите трошоците, за да не ве стигнат подоцна. Обрнете внимание на сообраќајниот метеж и прекршоци. Кон крајот на неделата ве очекува романтично изненадување, ќе уживате со партнерот. Слободните Девици ќе имаат можност да влезат во врска. Вашите најдобри денови ќе бидат вторник и недела.

ВАГА

Неделниот хороскоп ви носи многу работа, но и уживање. Каде и да се појавите, ќе бидете во центарот на вниманието. Бидете мудри и искористете ги контактите за нови соработки. Внимавајте што јадете и не претерувајте со мрсна храна. Можни се стомачни проблеми. Вашите најдобри денови ќе бидат четврток и сабота.

СКОРПИЈА

Скорпиите се двоумат околу идните одлуки оваа недела. Две глави размислуваат подобро од една. Време е да побарате совет и да си олесните. Доколку планирате да позајмите или да земете заем, не претерувајте со заемот. На врата ти тропа личност од минатото. Доколку сте во врска, посветете му се повеќе на партнерот. Вашите најдобри денови ќе бидат среда и недела.

СТРЕЛЕЦ

Оваа недела ѕвездите ви носат нови идеи. Доколку работите на некој проект, внимавајте на временската рамка. Ќе морате да бидете поагилни и попрактични. Слободните Стрелец уживаат во вниманието на личност која неодамна ја запознале, можни се и тајни афери. Зафатени, уживајте во љубовта. Вашите најдобри денови ќе бидат среда и сабота.

ЈАРЕЦ

Неделниот хороскоп на почетокот на февруари 2024 година ви носи мали финансиски тешкотии. Ќе мора да инвестирате за да си ги вратите парите. Посветете се повеќе на семејството и пријателите. Сингл Јарците на крајот на неделата запознаваат интересна личност. Можно е и заљубување. Зафатените наидуваат на мали несогласувања. Вашите најдобри денови ќе бидат вторник и недела.

ВОДОЛИЈА

Водолиите ги очекуваат промени на деловното поле. Оваа недела вие одлучувате за вашата иднина. Ако нешто не ви се допаѓа, време е да му ставите крај. Во љубовта очекувате премногу, време е да се „спуштите на земја“ и да бидете реални. Љубовта бара разбирање и договор. Вашиот партнер ќе го цени тоа. Можно е да ви се допадне една личност од работа. Вашите најдобри денови ќе бидат понеделник и недела.

РИБИ

Неделниот хороскоп од 29 јануари до 4 февруари 2024 година ви кажува повеќе да се фокусирате на целта, а не на грешките. Можни се недоразбирања во комуникацијата со колегите и претпоставените. Не се залетувајте. Слободните Риби имаат можност да се смират, додека зафатените ја зајакнуваат љубовта со партнерот. Вашите најдобри денови ќе бидат вторник и петок.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе