Голем пожар го уништи познатиот римски мост Понте ди феро

МИА / КАЈГАНА
/ 03.10.2021 / 10:06

Голем пожар синоќа го зафати и делумно го уништи Понте ди феро, индустрискиот, таканаречен Железен мост што ги поврзува двете римски населби Остиенсе и Портуенсе.

Пожарот избувнал синоќа пред полноќ, а пожарникарите успеале да го локализираат околу 1 часот утрово, јавува агенцијата ANSA.

Зоната на железниот мост е центарот на ноќните собири во Рим.

Според првичните информации, нема човечки жртви, а некои очевидци тврдат дека пожарот избувнал во бараките на бездомниците под мостот, по што е создадено стампедо од луѓе кои биле во околните ресторани и барови.

URL

Како што јавуваат италјанските медиуми, пожарот загрозил и дел од гасните инсталации, а како мерка на претпазливост е исклучено снабдувањето со гас, електричната енергија и водата.

Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџа го посети местото на несреќата и изјави дека „најважно е што нема човечки жртви, но тажно е да се види дека е уништен дел од историјата“.

Пожарот изгоре дел од мостот кој се урна во реката Тибар, а останува да се утврди дали основната конструкција е оштетена или мостот ќе мора да се урне поради оштетување. 
Индустрискиот мост е изграден во 1863 година од страна на белгиска компанија и неговата оригинална намена била железнички да ги поврврзе линиите Чивитавекиа со централната станица Термини. Изграден целосно од железо со 131,5 метар должина и 7,25 метри ширина, оригиналното име му е Понте дел'Индустриа, односно Индустриски мост.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Свет

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Read more

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more
 

Вести

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе