Цената на природниот гас во Европа на отворањето на берзата во понеделникот се искачи над 1.300 долари за илјада кубни метри, првпат од почетокот на октомври, а потоа речиси веднаш надмина 1.350 долари, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.
Цената на јануарскиот фјучерс договор во центарот TTF во Холандија се зголеми на 1.334 долари за илјада кубни метри, или 114,3 евра за мегават-час.
Целокупното поскапување на гасот во Европа во однос на затворањето во петокот изнесува речиси осум отсто.