Голема прослава во Рим: Претседателот на Рома во делириум скокна во фонтана

Фудбалерите на Рома приредија вистинска сензација во Лигата на шампионите елиминирајќи ја Барселона, откако загубија со 4:1 во Каталонија, па синоќа во Рим прославија како да ја освоиле титулата од ова натпреварување.

На фантастичната атмосфера по улиците на „Вечниот град“ не одолеа ниту претседателот на „Волчицата“, Американецот Џејмс Патола, кој славеше со навивачите и заврши во фонтана.

Рома направи еден од најголемите пресврти во историјата на ова натпреварување, иако беше сметана за аутсајдер, сепак таа во четвртфиналето ги прегази Каталонците со 3:0 на Олимпико и се најде меѓу четирите најдобри тимови во Европа.

„Не сакам да бидам тренер на екипа која нема амбиција. Мораме да имаме високи цели и да сфатиме дека ние можеме да ги постигнеме, да разбереме дека секогаш има простор за напредок и дека сме способни да бидеме најдобри“, изјави тренерот на Рома Еузебио ди Франческо.

„Често ме обвинувате за порази и лоши работи, но сега имате прилика и малку да ме фалите“, се пошегува пресреќниот Ди Франческо.

Прославата во Рим траеше до касно синоќа.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе