Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Макфакс
/ 20.04.2024 / 11:00

Проиранската милиција ПМФ (Сили за народна мобилизација) објави дека во текот на ноќта се случила голема експлозија во нивната воена база Калсо на околу 50 километри јужно од Багдад, Ирак, а два безбедносни извори тврдат дека станува збор за воздушен напад, пренесува Reuters.

Еден војник на ПМФ е убиен, а шестмина се ранети, соопштија два извори од болницата во блискиот град Хила.

Од експлозијата е причинета материјална штета, а има и повредени, се вели во соопштението на ПМФ и се додава дека истрагата е во тек.

Два безбедносни извори изјавија дека се уште не знаат кој е одговорен за воздушниот напад. Американски официјален претставник изјави дека немало американска воена активност во Ирак.

Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.

Фракциите во рамките на ПМФ учествуваа во неколкумесечни ракетни и беспилотни напади врз американските сили во Ирак среде кампањата на Израел во Газа, но ги прекинаа нападите од почетокот на февруари.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе