Силно невреме ги зафати Охрид, Струга и Дебрца. Пороен дожд и грмотевици, проследени со ветер повеќе од еден час има во Охридско-струшкиот регион. Засега нема информации за предизвикани штети.
Плажите целосно се испразнија, како и масите од угостителските објекти кои се поставени на отворено.
Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.
Невреме се очекува и во Скопје.