Авто новости

Големот тест покажа – Кои се најдобри зимски гуми за сезоната 2019/20?

16. октомври 2019 - 13:05 | А.С.

Како возачи, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема. Дотогаш имаме еден месец, а купувањето зимски гуми не е едноставен, ни евтин потфат.

Токму затоа, порталот Auto Express направи тестирања и ги издвои најдобрите зимски гуми за претстојната сезона.

Беа тестирани десет зимски гуми од исто толку различни производители, во димензии 225/45 R17:

* Nokian WR Snowproof

* Vredestein Wintrac Pro

* Hankook i*cept RS2

* Michelin Alpin 6

* Continental WinterContact TS 860

* Toyo Snowprox S954

* Dunlop Winter Sport 5

* Pirelli Winter Sottozero 3

* Falken Eurowinter HS01

* Goodyear UltraGrip Performance+

Секоја од гумите беше тестирана според овие критериуми:

Кочење на снег

Влечење на снег

Кружење на снег

Управување на снег

Аквапланинг на прав пат

Аквапланинг во кривина

Кочење на влажна подлога

Кружење на влажна подлога

Кочење на сува подлога

Управување на сува подлога

Бучава во кабината

Отпор на триење

Цена

Однесувањето на гумите на снег и мраз беше тестирано на стазата „Бел пекол“ во Увала, Финска, во сопственост на компанијата Nokian.

Тестирањето на влажна и сува подлога беше извршено на стаза во Папенбург, Германија која претстваува смалена реплика на Хокенхајм.

Во конечната листа, првите пет гуми ги делат нијанси, при што Vredstein и Falken ја делат петтата позиција.

Dunlop оствари генерално добри резултати, но не се најде на победничкиот престол.

Michelin заврши на трето место зад ланскиот победник Continental, додека титулата најдобра зимска гума за сезоната 2019/2020 ја доби Goodyear UltraGrip Performance+.

Goodyear оствари импресивни резултати на тестовите и се очекува со тоа да го привлече интересот на возачите на кои безбедноста им е приоритет при возење во зимски услови.

Continental можеби ја изгуби „круната“, но сепак нуди врвна зимска гума, додека Michelin се покажа исклучително помоќна во влажни услови на патот, што се позастапени во текот на зимата во поголемиот дел на Европа отколку снег и мраз.

Адутот на Dunlop е ниското ниво на бучава, додека Vredstein остана во средината на табелата поради послабите резултати на снег и помалата економичност.

Nokian се истакнува со привлечната цена, но нема најдобро избалансирани перформанси, додека Pirelli и покрај стабилноста во зимски услови, мора да развие посовремена гума бидејќи Winter Sottozero 3 на пазарот е од 2013 година.

На дното се гумите Hankook кои исто така целат на добра изведба на дожд, а не на снег, а последен на тестот е брендот Toyo, кој сепак постепено бележи напредок.

Коментирај