Голманот на Аргентина направи специјална тетоважа по триумфот на Мундијалот

Аргентинскиот голман Емилиано Мартинес беше еден од хероите на „Албиселесте“ на Мундијалот во Катар, а по освојувањето на златниот пехар голманот на Астон Вила го истетовира истиот.

Мартинес објави фотографија од тетоважата на Instagram и му се заблагодари на тату мајсторот за добро завршената работа.

„Ти благодарам Хуан Пабло Скунка што ми го истетовира ова чудо“, напиша Мартинес на стори, со што стана вториот аргентински репрезентативец кој ја истетовира Божицата на ФИФА, откако Анхел Ди Мариа го направи тоа пред него.

Тетоважата на Мартинес го покажува трофејот над кој се наоѓаат три ѕвезди кои го претставуваат секој од мундијалските триумфи на Аргентина, со фразата „Нека страста те води до славата“ напишана под пехарот.

Да потсетиме, Мартинес беше прогласен за најдобар голман на Светското првенство во Катар, а во центарот на вниманието се најде и поради недоличното однесување на доделувањето на наградите и за време на големото славје на Аргентинците.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more
 

Спорт

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе