СЕРИЈА А 2022/2023

Голманот на Емполи ја има одбраната на годината... или векот?

Филип Здравески
/ 06.02.2023 / 20:50

На натпреварот против Рома голманот на Емполи направи серија од три одбрани во еден ист напад, а онаа последната медиумите ја опишуваат како магична и вонземна.

Има добри и одлични одбрани, но она што во саботата го приреди Гуљелмо Викарио е навистина несекојдневно.

Релативно анонимниот 26-годишен италијански голман ја игра само третата сезона во Серија А, а втора на голот на Емполи. Веќе ги освои симпатиите откако целата Чизма зборува за неговите одбрани против Рома, иако натпреварот го заврши со два гола во својата мрежа и си замина поразен од „Олимпико“.

Само што заврши паузата, се играше 47. минута кога Лоренцо Пелегрини нафрли од корнер од левата страна. Топката со глава ја расчисти дефанзивецот Себастиано Луперто, таа дојде до Пауло Дибала кој од прва со волеј шутираше, а Викарио ја запиша првата во низата од три одбрани. Од одбраната на Викарио на топката налета Џанлука Манчини кој веднаш биеше, Викарио повторно одби, падна на земја, а на топката натрча Теми Ејбрахам кој кога со глава ја удри топката сите почнаа да се радуваат. Но, Викарио со магична одбрана со ногата во вис буквално со крампоните од гол-линијата по третпат во истата акција не дозволи гол. Конечно неговите соиграчи потоа ја расчистија опасноста.

Remote video URL

За одбраната на Викарио ќе се зборува уште долго, а оваа одбрана веројатно е и една од најдобрите во историјата на самата Серија А.

Инаку, Гуљелмо Викарио е родум од Удине каде бил во младинската академија на Удинезе, но никогаш не заиграл за првиот тим. На сениорско ниво дебитирал како позајмен за четвртолигашот Фонтанафреда во 2014 година, а потоа четири години минал во Венеција, за која бранел за време на продорот од Серија Ди преку Чи до Би. Следувала една сезона во дресот на Перуџа, по што бил купен од Каљари, со кој дебитира во Серија А. По само една сезона на Сардинија доаѓа понудата од Емполи, а во септември и прв репрезентативен повик од Роберто Манчини, но без да запише настап.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе