Google конечно донесе функција со која полесно ќе ги најдете изгубените Android уреди

Google почна да известува некои корисници на Android дека долгоочекуваната функција доаѓа за неколку дена.

Веројатно од понеделник, 8 април, Google на сите корисници ќе им овозможи пристап до мрежата Find My Device (Најди го мојот уред).

Во својата објава Google истакнува:

„Со новата мрежа Find My Device, ќе можете да ги лоцирате вашите уреди дури и ако се офлајн/исклучени. Може да најдете и кој било компатибилен додаток за брзо спарување кога е исклучен од вашиот уред. Ова вклучува компатибилни слушалки, како и тракери што можете да ги прикачите на вашиот паричник, клучеви или велосипед. Ќе добиете известување на уредите со Android кога оваа функција ќе се вклучи за 3 дена. Дотогаш, може да се исклучите од мрежата преку Find My Device на веб".

Мрежата, која е дизајнирана да работи преку Bluetooth и не е ограничена само на Wi-Fi конекции, е слична на услугите што ги нудат Apple и Samsung.

Исто така, ќе ја прошири поддршката за Bluetooth тракери од брендови како Tile, Chipolo и Pebblebee, покрај компатибилните аудио уреди како Pixel Buds и слушалките Sony.

Google го одложуваше објавувањето на мрежата, на која влијае воспоставувањето стандарди кои се однесуваат на потенцијалот за нејзина злоупотреба за следење на поединци без нивно знаење.

Овој стандард, развиен во соработка со Apple, се очекува да биде имплементиран наскоро, заедно со ажурираната услуга Find My Device.

Оние кои не сакаат ваков тип на следење можат да се откажат порано ТУКА, но ова функционира само ако сте примиле порака од Google со горенаведената содржина.

Ќе имате опција или да ја задржите стандардната опција „Locate with the Find My Device network“ или да се откажете од неа. Ова се однесува на сите уреди со Android поврзани со одредена сметка на Google.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Вести

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе