Ѓоргиев: Работата на Комисијата не е да го утврдува идентитетот на Гоце Делчев

Скопје, 15 септември 2020 (МИА) – Професорот Драги Ѓоргиев, ко-претседавач од македонска страна на Мешовитата комисија со Бугарија, вечерва во интервју за телевизијата „Сител“ истакна дека работата на Комисијата не е да го утврдува идентитетот на Гоце Делечев, туку да се постигне договор тој заедно да се чествува. Професорот очекува Комисијата, која беше прекината кон крајот на минатата година, наскоро да продолжи со работа.

-Архивска документација за Гоце Делчев постои. Постојат документи во кои тој се декларирал како Бугарин. Но, постојат и документи во кои Гоце Делчев зборува за Македонци, Македонки, за држава Македонија. Овој спор ќе се реши само ако се напуштат тврдите ставови. Треба да го чествуваме заеднички и да се земат предвид двете перцепции, истакна професорот Ѓоргиев.

Тој очекува Комисијата наскоро да продолжи со работа и најави дека македонскиот тим ќе се сретне со бугарските колеги на крајот на септември или почетокот на октомври.

Проф. д-р Ѓоргиев објасни дека работата на Комисијата била прекината поради тензијата која се јавила по декларациите усвоени во бугарскиот Парламент и од БАН, со кои се негира македонскиот јазик. Ѓоргиев потенцира дека прашањето за македонскиот јазик не смее да се отвора и тоа не треба да биде предмет на расправа на Комисијата.

Тагови
реклама

Се влошува состојбата со COVID-19, можни нови рестриктивни мерки

Read more

Кејот на Вардар имал калдрма...

Read more

Дали сте слушнале за правилото од „шест минути“ во сексот?

Read more

Научниците шокирани: Една болест води кон имунитет на COVID-19

Read more

Македонија

183 нови случаи на COVID-19 од 1.769 тестирања

Read more

ИЈЗ: Зголемен бројот на заболени и починати од COVID-19

Read more

Пендаровски: Безбедносната состојба стабилна, најголем предизвик останува пандемијата на COVID-19

Read more

Левица поднесе 8 тужби против Собранието

Read more

Вести

Фаучи: Светот ќе се врати во нормала до крајот на следната година

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

183 нови случаи на COVID-19 од 1.769 тестирања

Читај повеќе

ИЈЗ: Зголемен бројот на заболени и починати од COVID-19

Читај повеќе

Пендаровски: Безбедносната состојба стабилна, најголем предизвик останува пандемијата на COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Eвакуирана Ајфеловата кула по закана со бомба

Читај повеќе

Алексеј Навални пуштен од болница

Читај повеќе

Левица поднесе 8 тужби против Собранието

Читај повеќе

Бела ноќ в сабота на 10 локации низ Скопје

Читај повеќе