Говор на Бајден во Варшава: Киев стои висок, горд и слободен

Американскиот претседател Џо Бајден попладнево одржа голем говор во полскиот главен град Варшава, по вчерашната посета на украинската престолнина Киев.

– Киев стои висок, горд и што е најважно, слободен, рече Бајден.

„Путин мислеше дека ќе се предадеме, погреши. Мислеше дека НАТО ќе се претвори во Финска, а наместо тоа се случи НАТОизацијата на Финска и Шведска“, кажа тој, додавајќи дека НАТО е пообединет од кога било досега.

– Путин повеќе се сомнева во нашето единство, но се сомнева и во нашата истрајност. Но, нема сомнеж. Нашата поддршка за Украина нема да попушти и нема да се умориме. Љубовта на украинскиот народ ќе надвладее над желбата на Путин за моќ и земја. Станува збор за слободата, кажа Бајден, кој во неколку наврати ги споменува вредностите на демократијата.

„Автократите разбираат само еден збор - не, не, не“, кажа американскиот претседател и додаде дека „Украина никогаш нема да биде руска победа“.

– Пред една година руските тенкови влегоа во Украина, Украина е сè уште слободна, рече тој.

„Бомбардираат училишта, породилишта, железнички станици...“, кажа Бајден за Русија.

– Им се обраќам на граѓаните на Русија. САД и НАТО не сакаат да ја уништат Русија, нема заговор против Русија, како што рече денеска Путин. Оваа војна не е неопходност туку трагедија. Путин може да ја заврши војната со една реченица. Победата на Русија би значела крај на Украина, затоа се грижиме дека Украина може да се брани, рече Бајден.

Тој спомна како Полска прифатила милиони бегалци од Украина.

– Ние стоиме со слободата. Тоа го прават Американците и тоа се Американците, рече тој. „Путин се обиде да ја изгладне Европа, да ја спречи Украина да извезува храна, да предизвика глобална прехранбена криза. Ова особено ќе ги погоди африканските земји“, рече тој.

„Украина е слободна, суверена и демократска“, рече тој.

– Ги воведовме најсилните санкции што некогаш биле наметнати на една земја и ќе воведеме повеќе. Имаме со што да се гордееме во изминатата година. Но, сепак ќе има тешки денови. Ќе застанеме зад Украина додека таа се брани, изјави Бајден.

„Членот 5 од НАТО е цврст како камен. Нападот врз еден е напад на сите, тоа е света заклетва. Света заклетва да се брани секој сантиметар од територијата на НАТО“, вели тој.

– Светот е на пресвртница, одлуките што ги носиме сега ќе ги одредат следните децении. Од едната страна е демократијата, а од другата е диктаторот кој сака да ја уништи, рече Бајден и додаде дека  „нема посладок збор од слобода и нема повисока цел од слободата“.

Remote video URL
реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе