Градоначалникот на Мариупол: Се водат борби во центарот на градот

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко изјави денеска за BBC дека во центарот на градот се водат улични борби, што, според него, ги попречува напорите за извлекување на неколку стотици луѓе кои се блокирани во подрумот на театарот, за што украинските власти тврдат дека Русија го бомбардирала во средата.

Тој за британската медиумска куќа истакна дека специјални тимови можат да ги расчистат урнатините и да ги заштитат луѓето само ако прекинат борбите.

– Има тенкови, гранатирања, се пука од разни видови оружје. Нашите сили прават сѐ што можат за да ја задржат својата позиција во градот, но непријателските сили се побројни од нашите, за жал, рече Бојченко.

Тој не можеше да процени колку луѓе успеале да побегнат од таа област во претходните 24 часа.

– Украинските власти не забележале дека има значително поместување на границите на одвојување меѓу украинските и руските сили, изјави денеска советникот на украинскиот претседател, Олексеј Арестович.

Во онлајн обраќањето тој нагласи дека се водат борби во Мариупол, Николаев, Херсон и Изум, каде руската армија е во офанзива.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе