Граничните премини се отвораат од денеска, хотелите од понеделник

Од денеска, согласно одлука на Владата, се отвораат сите гранични премини во земјата, освен аеродромите, но на сила и натаму остануваат мерките како приложување валиден негативен ПЦР тест при влез во земјава и задолжителна самоизолација од 14 дена. Новина е што странците, наместо како досега да можат да транизитираат низ земјава само преку граничните премини Табановце и Богородица, тоа во рок од 5 часа да можат да го направат и преку другите премини. Владата донесе и протоколи за функционирањето на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), кој почнува да се применува од понеделник 22 јуни.

Владата донесе одлука од денеска да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.

Останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Република Северна Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.

Останува и можноста граѓаните кои се во државен карантин и што сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок. Оние граѓани на кои направениот ПЦР тест е негативен, потпишуваат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштаат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава. Доколку граѓаните не сакат да им се направи ПЦР тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.

Владата го дополни и Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Северна Македонија.

Од денеска протоколот овозможува влез на сите гранични премини на државјани на други држави за транзитирање низ територијата на Република Северна Македонија. Останува одредбата во протоколот која пропишува дека транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот.

Донесен е и Протокол за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), и тој започнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.

Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на COVID-19. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе