Грција: Полицијата уште трага по пратеникот од Златна зора

Атина, 16 јуни 2018 (МИА) - Пратеникот од Златна Зора, Константинос Барбарусис кој вчера од парламентот повика на воен пуч, сѐ уште не е уапсен, а полицијата од доцна синоќа, кога успеал со автомобил да им побегне, уште трага по него, јави дописничката на МИА од Атина.

Барбарусис, освен што се гони кривично за велепредавство по изјавата од собраниската говорница, сега се товари и за обид да им побегне на властите, на опасен начин и со ризик да предизвика сообраќајна несреќа.

Имено, според грчката новинска агенција АНА-МПА, пратеникот, за да не биде уапсен, на автопат во Грција, доцна синоќа, не застанал на полицискиот знак и со брзина од околу 180 километри на час, им избегал на полицајците кои што го бркале. До рано утрово траела акцијата за пронаоѓање и апсење на Барбарусис, но без резултат.

Грчките медиуми коментираат дека вчера се одвивала филмска брканица во лоши временски услови.

Како што вчера објави МИА, Константинос Барбарусис, говорејќи од парламентот ја повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос, по што неговата партија беше отстранета од расправата.

И покрај тоа што членовите на пратеничката група на Златна зора, со аплауз го поздравија говорот на Барбарусис, веројатно за да избегнат дополнителни прекршувања на законите (во Грција се уште трае процесот против Златна зора), кусо подоцна тој беше избришан од партијата.

Грчкото обвинителството, по поднесената тужба од министерот за одбрана Панос Каменос и алтернативниот министер за одбрана, Фотис Кувелис, покрена обвинение против Барбарусис за велепредавство и во рамките на законите, тој треба да биде уапси во рок од 48 часа.

реклама

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе