Грција привремено го запира превозот на мигранти

Грчките власти ги повикаа бродарите привремено да го прекинат превозот на мигрантите и бегалците од островите во Егејското Море на копно во рамки на мерките за забавување на мигрантскиот притисок на границата со Македонија.

„Мораме да го забавиме приливот поради тесното грло кое настана на копното“, рече министерот за поморски превоз, Торорис Дрицас.

Грчките власти објавија дека бродовите закупени за превоз на мигрантите ќе мируваат неколку дена. Се намалува и бројот на траекти кои ќе сообраќаат кон островите, каде за превоз чекаат мигрантите кои пристигнаа од Турција, бегајќи од војните на Блискиот Исток.

За да се намали притисокот на островите, мигрантите привремено ќе бидат сместени на самите траекти усидрени во пристаништата во островите Лезбос, Иос и Самос.

Според податоците на грчките власти, 20.000 мигранти се во Грција, а 4.000 чекаат на границата.

Тесното грло настана на границата со Македонија, откако државите од таканаречената балканска рута - Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Австрија, ги заострија мерките за контрола и критериумите за пропуштање на бегалците и мигрантите со што ја разлутија Грција. 

реклама

Регион

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Read more

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Read more

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе