Грција се подготвува за екстремен топлотен бран

Грција се подготвува за екстремен топлотен удар со температури кои треба да се искачат до 44 Целзиусови степени во наредните денови, пренесува агенцијата DPA.

Грчката метеоролошка служба и Националната цивилна заштита издадоа предупредување во понеделникот, додека жештината се очекува да трае до 8 август, што е невообичаено долг период.

Од утре натаму се очекува да биде над 30 степени во текот на ноќта, што е особено тешка состојба за човечкото тело со оглед на тоа што не може да се опорави од топлината.

Страв од пожари

Друг страв е дека пожарите би можеле да започнат забрзано да се шират низ земја во која падна малку дожд во последните неколку недели, поради предвидените силни ветрови.

Грција и во минатото се соочувала со екстремни топлотни бранови, но временските услови се очекува да ги надминат досегашните нивоа во наредните денови.

Во 1987 година, 4.000 луѓе починаа од сличен топлотен бран, кога системите за климатизација сè уште не беа масовно користени. Посебно погодени беа постарите луѓе во градовите.

Големи делови на полуостровот Пелопонез изгореа во 2007 година за време на уште еден топлотен удар и силни ветрови. Десетици луѓе загинаа.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе