Гризман, оди си од Ноу Камп: Зошто навивачите на Барселона не го сакаат Французинот?

Минатото лето ја одби Барселона за да остане во Атлетико Мадрид, а сега Антоан Гризман се наоѓа пред прагот на трансфер во каталонскиот клуб. Можеби тој има голема желба да потпише за Барса, но навивачите на клубот не можат да го поднесат Французинот. И со добра причина.

Кога Атлетико Мадрид се најде во ситуација да мора да победи на Ноу Камп во натпреварот одржан во април оваа година, уште од самиот старт навивачите на Барселона се решија да му покажат на Гризман што мислат за него. „Копиле, оди си од Ноу Камп“ се слушаше од сите четири трибини на стадионот, а францускиот напаѓач беше најомразениот човек во Каталонија во тој момент.

Тоа беше резултат на постапката на Гризман од претходното лето. Кога Барселона испрати понуда до Атлетико за услугите на Французинот, тој беше многу јасен и гласен во намерата да си замине од Мадрид. Но, набрзо потоа закажа ТВ интервју во кое ја соопшти одлуката дека ќе потпише нов договор со Атлетико Мадрид и ја одби Барселона на телевизија, додека милиони луѓе го гледаа тоа. Дури тогаш навивачите на Барса збеснаа.

Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, беше посебно погоден од овој развој на настаните. Откако Франција го освои Светското првенство, Гризман требаше да биде неговата нова „златна кокошка“ и награда за успешната сезона на Барселона. Наместо тоа, трансфер разочарувањето прерасна во вистинска катастрофа и Бартомеу беше посрамен во очите на целиот свет.

И еве сме, една година подоцна и истата приказна е постојано низ светските медиуми. Барселона повторно нуди огромни суми за Гризман (околу 120 милиони евра), а Бартомеу повторно е во центарот на вниманието.

„Кога некаде се чувствуваш како дома, тогаш не одиш на друго место. Атлетико направи сѐ за да се чувствувам како дома“, изјави Гризман.

А сепак, претседателот на клубот вели дека Французинот ја направил одлуката уште во март оваа година, кога му кажал дека сака трансфер во Барселона. Само една година претходно ја одби Барса со објаснувањето дека „не сака да биде мал помошник на Меси“, а сега работите се... некако поинакви?

Дел од фановите на Барселона го мразат Гризман поради тоа што јавно го посрами нивниот клуб со одбивањето на телевизија, во живо. Но, уште поголем дел од нив не го сакаат на Ноу Камп поради тоа што сметаат дека сумата од 120 милиони евра е преголема во однос на тоа дека клубот треба да има други приоритети, како десен бек, играч од средината на теренот и најважно – замена за Луис Суарез во шпицот на нападот.

„Сакам да знам кој го прави овој трансфер. Спортскиот директор или управата? Или можеби тренерот Валверде? Колку што знам, луѓето во соблекувалната не го сакаат Гризман во Барселона. Ако тренерот Валверде не го сака играчот, тогаш која е поентата да го потпишат?“, праша шпанската легенда Чави пред неколку месеци.

До крајот на преодниот рок остануваат уште цели два месеци, а ситуацијата со трансферот на Антоан Гризман не е ни блиску до решавање. Тој веќе објави дека го напушта Атлетико, но доколку нема интерес од клубовите за негов трансфер, каде ќе заврши? Факт е дека навивачите на Барселона нема лесно да му го простат минатогодишниот однос, дури и ако пристигне во клубот. Односите помеѓу него и навивачите се чини дека се уништени пред тој воопшто да го облече дресот на Барселона, а надеж и намера за помирување сигурно не постои кај оние најжестоките навивачи.

реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе