Гутереш: Женските права не се луксуз што може да чека

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антониу Гутереш, денеска изјави дека правата на жените не се луксуз што може да чека додека не се решат кризите во светот и изјави дека на секои 10 минути жена или девојка се убиваат од член на семејството или партнер, и дека на секои две минути жена умира за време на бременост или породување.

Гутереш, во авторски текст по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената, оцени дека остварениот напредокот во поглед на правата на жените полека исчезнува пред наши очи, а најновите прогнози проценуваат дека, доколку се продолжи со ова темпо, ќе бидат потребни уште 300 години за постигне целосна родова еднаквост.

„Мораме да ги смениме овие ужасни трендови и да се залагаме за животите и правата на жените и девојките, насекаде. Ова е еден од моите врвни приоритети и столб на работата на Обединетите нации ширум светот. Од Јужен Судан до Мјанмар, ги поддржуваме жените и девојчињата во криза со тоа што ќе се погрижиме нивниот глас да биде слушнат во мировните процеси“, напиша Гутереш.

Тој оцени и дека денешните кризи, кои следат една по друга, од војната во Украина до климатската вонредна состојба, прво и најтешко ги погодуваат жените и девојчињата.

„Во светлината на глобалните предизвици за демократијата, правата на жените над нивните тела и правото да донесуваат независни одлуки за сопствениот живот се доведуваат во прашање и негираат“, напиша Гутереш.

Оваа година, додаде тој, Меѓународниот ден на жената е фокусиран на затворање на родовиот јаз во науката, технологијата и иновациите.

На глобално ниво, пристапот и користењето на интернет е за 21% поверојатно кај мажите отколку кај жените, а во земјите со ниски приходи разликата е над 50%, се наведува во текстот.

Тој нагласи дека дури и најбогатите земји се во загуба поради родовите стереотипи и историската пристрасност. На пример, во технолошката индустрија, мажите двојно ги надминуваат жените, а во областа на вештачката интелигенција, соодносот е пет спрема еден.

Дискриминацијата на жените во науката и технологијата е последица на вековната патријархалност, дискриминација и штетни стереотипи, оцени Гутереш и додаде дека жените сочинуваат само три отсто од добитниците на Нобеловата награда во научните категории од 1901 година до денес, а жените на интернет - вклучувајќи ги и научниците и новинарите - често пати се цел на сексистички говор на омраза и злоупотреба со цел да ги замолчат и посрамотат.

„Потребна ни е акција на повеќе фронтови за да се осигураме дека жените и девојките можат да го дадат својот целосен придонес во глобалното знаење преку науката и технологијата“.

„Мора да ги срушиме бариерите - од дискриминаторски податоци до стереотипи кои ги одвраќаат девојчињата да студираат природни науки на рана возраст“, ​​рече Гутереш.

„Правата на жените не се луксуз што може да чека додека не ја решиме климатската криза, да ставиме крај на сиромаштијата и да создадеме подобар свет“, рече Гутереш.

Инвестирањето во жени и девојки е најсигурниот начин да се подигнат сите луѓе, заедници и земји и да се постигнат целите од Агендата за одржлив развој 2030 година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе