Гвардиола пред Клоп и Фергусон

Пеп Гвардиола саркастично ја искоментира убедливата победа на Манчестер Сити против Лидс Јунајтед(7:0).

Ова е втората најубедлива победа во историјата на Сити, после победата од 8:0 исто така под водство на Шпанецот.

Гвардиола му го нанесе најтешкиот пораз на Лидс во историјата на клубот и постави рекорд во Премиер лигата со 500 голови на 207 натпревари кој досега го држеше Јирген Клоп(Ливерпул) со 234 меча.

„Сето ова е точно, но се заборава уште еден наш успех. Во 17 натпревари примивме само 9 голови. Тоа докажува дека не мора да играме дефанзивно за да бидеме успешни во одбраната. Играчите коишто се во тимот се креативни, а мојата работа е да им наредам да трчаат. Сето останато е заслуга на клубот кој ми купува квалитетни играчи“, рече Гвардиола.

Сити е лидер на Премиер лигата со 41 поен од 17 натпревари, има 4 повеќе од Ливерпул, а 5 од Челси.

Шпанскиот стратег го презеде Сити во летото 2016 година, а стана тренер со постигнати 500 премиерлигашки голови до кои неговиот клуб дојде во 207 натпревари, со просек од 2.4 голови по натпревар.

Втор на листата е тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој до 500 голови во Премиер лигата дојде по 234 натпревари, додека трет е Алекс Фергусон кому на клупата на Манчестер Јунајтед за 500 првенствени голови му беа потребни 265 натпревари.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе