„Hard to be in love“: Елена Ристеска со нова песна слави 20 години кариера

По долгогодишна пауза, познатата македонска пејачка Елена Ристеска сними нова песна и објави анимиран спот за неа. Станува збор за нова песна, подарок за нејзините обожаватели, по повод 20 години музичка кариера.

Станува збор за песната „Hard to be in love“, снимена на англиски јазик, во соработка со италијанскиот музичар Франческо Спарачело, познат како диџеј Дј Сперадајз.

„Соработката помеѓу италијанскиот диџеј Дј Сперадајз и Елена се роди пред повеќе од година дена, кога познатиот диџеј бараше соодветен вокал и мелодија за неговата тогашна трака која ќе излезе на сите музички платформи под капата на “Арџента рекордс” од Италија на 10 декември 2022 година. Откако пробаа голем број на пејачи да ја донесат песната, сепак единствено Елена успеа да ја испее според идејата на Франческо.

Текстот на песната е на Елена и се вика 'Тешко е да се сака', односно 'Hard to be in love'. Единствено специфичниот вокал на Елена и прекрасната мелодија на македонскиот продуцент и композитор Лазар Цветковски успеаја да ја направат оваа песна совршена според замислата на овој диџеј воедно и аранжер, заедно со Алесандро Ло Нигро кој исто така работеше на аранжманот, и двајцата се од Италија.
На денот на објава на социјалните медиуми и на сите музички интернет платформи, песната ќе биде истовремено премиерно пуштена на 10.000 радио станици во светот.

Елена оваа година слави 20 години на македонската музичка сцена, откако првпат се појави и победи на аудициите на М2 во 2002ра година, на 22 декември. За прослава на овој јубилеј на сите нејзини фанови им ја поклонува оваа нова песна пред испраќање на 2022 година.

Италијанскиот диџеј Франческо Спарачело,ака Dj Sparadise (Лоди, 16 ноември 1982 година) е автор и на други артисти како Боби Соло, Рон Керол, Твинс, Тони Те и многу други на меѓународната сцена. Мултиинструменталист, целосно самоук, кариерата во музиката ја започнува во 2002 година работејќи со уметници како Шена, Макс Си, Андреа Пираз, Јаба, Стив Мек, Џаџ Жил, Беса, Ла Буш, Вернон Барнард, Рон. Керол, Џон Дејвис, Шарлот Де Мело, Рејес Херитиџ и многу други. Дваесет години работел во музички продукции од сите жанрови и како сесиски музичар во студио.
Имал поддршка од многу диџеи како што се: Армин Ван Бурен, Лан Кери, Седрик Жервеј, Сандер Ван Дорн, Софи Френсис и многу други“, стои во описот на објавата на Instagram профилот на Ристеска.

Remote video URL
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

МК сцена

Најубавите цитати од Тоше Проески за љубовта и животот

Read more

„Као какао“ на Леб и сол по 35 години повторно на винил

Read more

Трпчески: Најголемата награда е кога ќе ја видите среќата на публиката

Read more

Таксират меѓу најдобрите фестивали во Европа

Read more
 

Сцена

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Читај повеќе
  • play_arrow

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за The Night Agent

Читај повеќе
  • play_arrow

Орландо Блум се распеа среде паб за Свети Патрик

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за BEEF, новата серија на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

10 моменти во Friends во кои се пронаоѓаме и денес

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Disney „рециклираат“ анимации?

Читај повеќе