Heinz го бара морнарот што преживеа 24 дена на море јадејќи кечап

Компанијата Heinz е во потрага по човекот што преживеа 24 дена на брод јадејќи го нивниот кечап, за да му купи нов брод.

Морнарот Елвис Франсоа, кој беше пронајден во јануари по 24 дена на отворено море, а кој преживеа благодарение на популарниот кечап Heinz, би можел да добие нов, најсовремен брод.

Компанијата на 14 февруари објави апел на социјалните мрежи, надевајќи се дека ќе го пронајде морнарот од Доминика, островска држава на Карибите. Според социјалните мрежи на Heinz, компанијата веќе се обратила до владата на Доминика, како и до колумбиската морнарица, која го спасила северозападно од Пуерто Боливар, пристаниште во Колумбија.

„Ги бараме сите веродостојни докази за да го контактираме Елвис за да можеме да помогнеме да се покрие новиот брод опремен со целосна навигациска технологија за да се избегне нова катастрофа во иднина“, велат од компанијата.

Инаку, Франсоа во декември го поправал својот брод во близина на холандскиот дел на островот Свети Мартин. На колумбиските власти им рекол дека му недостасуваат навигациски вештини за да се врати на брегот. Преживеал со шише кечап, лук во прав и коцки од густин кои ги мешал со вода. Бил спасен откако авион го забележал неговиот брод едрилица со изгравиран збор „помош“ на трупот.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко месо?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе