Hercules & Love Affair на Здраво Млади 11

Директно од европските денс-подиуми, Hercules & Love Affair ќе има свој настап и на фестивалот Здраво Млади 11, соопштија организаторите.

Andy Butler, најпознат по проектот Hercules and Love Affair е предвесник на електронската музичка сцена уште од самите почетоци на HALA и нивниот деби-албум објавен за издавачката куќа DFA. Неговата релевантност и способност да ги предвиди новите движења во електронската музика се евидентни, особено со последното EP со наслов „Change“.

Во последните 25 години, Andy е познат по неговиот еклектичен, интуитивен и крајно персонализиран пристап кон миксањето и селекцијата на музика. Неговиот звук е разнолик и рефлектира кон Hercules and Love Affair, но црпи и од бројните ремикси со артисти како Roisin Muprhy, Chromeo итн. Неговата посветеност кон музиката секогаш одела паралелно со неговата фасцинација од слободата, која ја носи диско-хедонизмот.

Без разлика дали неговиот настап е на хаус-подиумот на Panorama Bar или настапува во Block 9 на Glastonbury, Andy има моќ да ја пренесе публиката низ седум мориња и седум океани.

Со сигурност публиката ќе го препознае по неверојатниот хит „Blind“ со неприкосновениот глас на прекрасната изведувачка Anohni.

Remote video URL

Билетите се достапни на билетарница МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk

реклама

Музика

Френк Ферер по 19 години ги напушта Guns N' Roses

Read more

Северина со црвена ракавица ги поддржа студентските протести во Белград: Пумпај!

Read more

Пејачката Енџи Стоун загина во сообраќајна несреќа

Read more

Шакира ја започна својата турнеја со 13 комбинации: Светки, реси и проѕирен комбинезон

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Објавен првиот тизер за најскапиот филм на Пол Томас Андерсон досега

Читај повеќе

Френк Ферер по 19 години ги напушта Guns N' Roses

Читај повеќе

Кој ќе биде главниот лик во новиот спин-оф на The Big Bang Theory?

Читај повеќе
  • filter

Објавени први фотки од новиот Mortal Kombat, обожавателите одушевени

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Македонската естрада се збогува од членовите на бендот ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Aндреј од ДНК загина во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Само една епизода во историјата на телевизијата добила 10/10 на IMDb

Читај повеќе