И Џорџа Мелони наседна на руските пренкстери

Италијанската премиерка Џорџа Мелони наседнала на лажен телефонски повик од познати руски измамници, чија цел беа и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и поранешниот македонски премиер Зоран Заев, потврдија денеска од нејзината канцеларија во Рим.

Мелони била измамен од повикувач кој се идентификувал како претседател на Источноафриканските комори Азали Асумани, актуелен претседавач со Африканската Унија.

Всушност, тоа биле руските измамници Вован (Владимир Кузнецов) и Лексус (Алексеј Столјаров). Повикот се одржал на 18 септември, во пресрет на Генералното собрание на ОН, соопштија од канцеларијата на Мелони. Италијанската влада не ја коментираше содржината на повикот. Сепак, извадоци беа објавени во Русија, меѓу другото и од новинската агенција Риа Новости.

За што разговарале?

Двајцата Руси веќе неколку пати на овој начин измамиле светски лидери и познати личности. Според извадоците, Мелони рекла дека руската војна против Украина, која започна во февруари 2022 година, е „голем „притисок“ за сите страни.

„Се приближува моментот кога сите ќе разберат дека ни треба излез“, рече таа. Таа додаде дека има „некои идеи“ за тоа, но и дека сака да го чека вистинскиот момент. Според руските извештаи, тие разговарале и за миграцијата. Мелони рекла: „Европа долго време мислеше дека може да го реши проблемот со тоа што ќе ја обвини Италија. Проблемот е во тоа што другите немаат проблем“.

Руските измамници, кои важат за блиски до владата на Путин, ги измамиле и поранешниот британски министер за одбрана Бен Валас и поранешната градоначалничка на Берлин, Франциска Гифи. Еден од нив во разговорот со Меркел се претставил како поранешниот украински претседател Петро Порошенко. Во Русија често се пофалени од про-Кремљ медиуми и коментатори за нивните измами.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Свет

Зеленски: Размислуваме за средба на лидерите на Украина, Русија, САД, ЕУ и Британија

Read more

Руски медиуми: Москва подготвена да работи на меморандум со Украина кој би вклучувал и прекин на огнот

Read more

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крај на војната

Read more

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Read more
 

Вести

Зеленски: Размислуваме за средба на лидерите на Украина, Русија, САД, ЕУ и Британија

Читај повеќе

Руски медиуми: Москва подготвена да работи на меморандум со Украина кој би вклучувал и прекин на огнот

Читај повеќе

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крај на војната

Читај повеќе

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Читај повеќе

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Читај повеќе

Во тек е телефонски разговор помеѓу Трамп и Путин

Читај повеќе

Општина Центар објави повик за изработка на мини мурали и графити поврзани со македонското писмо и јазик

Читај повеќе

Со што се дрогираат Македонците?

Читај повеќе

Нетанјаху најави целосна окупација на Газа: Ќе преземеме сè, а помошта ќе биде минимална

Читај повеќе