Ибра дочека да игра во ист тим со синот Максимилијан

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ денеска за прв пат заигра заедно со својот 16-годишен син Максимилијан.

Ибрахимовиќ иако има 41 година не се откажува. Пред неколку дена се врати на терен после тешката повреда поради која не играше речиси една година, а сега дочека посебен момент во животот.

На денешниот тренинг-натпревар во центарот на Миланело, Златан играше во ист тим со синот Максимилијан, кој тропа на вратата на сениорскиот фудбал во Милано. Тој е член на истиот клуб како и татко му.

URL

Познатиот новинар на Милан, Пепе Ди Стефано, денеска изјави за Sky дека Златан Ибрахимовиќ играл во У18 екипата заедно со синот Максимилијан на дуелот против сениорскиот тим на Милан.

Не беа соопштени детали како заврши натпреварот и дали еден од двајцата Ибрахимовиќ постигна гол. На крајот резултатот не беше ни важен, но неверојатно е да се види дека Златан игра со 25 години помладиот син во тимот и дека нема намера да се откаже.

Инаку, помладиот Ибрахимовиќ, како и неговиот татко, игра на позицијата напаѓач. Сѐ уште не одлучил за која репрезентација ќе настапува во иднина, секако доколку има потенцијал за тоа.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе