Блиска средба меѓу вештачката интелигенција и органите на редот.
Полицијата во Сан Франциско минатата недела запре возило Chevrolet Bolt, кое компанијата Cruise, во сопственост на General Motors, го претвори во автономно возило. Во моментот кога полицаецот се приближил до автомобилот без возач, а потоа малку се оддалечил од него, тој едноставно продолжил понатаму, за да застане по стотина метри.
Полициската патрола потоа тргна во една од најкратките потери и повторно застанала покрај автономниот Chevrolet.
Од компанијата Cruise велат дека автономниот автомобил без возач немал намера да бега од полицијата, односно дека вештачката интелигенција не функционира на тој начин.
Идејата била возилото да се паркира на побезбедно место. Наводно.
А зошто го запрела полицијата? Се споменува проблем со неисправни фарови.