Илика – почнува нова книжевна приказна во Скопје

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 27.01.2024 / 10:39

За сите љубители на книги кои сакаат место во големиот бучен град каде ќе може на раат да прочитаат неколку страници од најновата книга или да откријат нов автор, уживајќи во омиленото кафе или чај, такво гнездо за читање штотуку се отвори во срцето на Скопје.

Кафе-книжарница „Илика“ денеска ги отвора вратите за љубителите на книги и ги поканува да тргнат на уникатно книжевно патување. Сместена во срцето на Скопје, шармантната и топла оаза „Илика“, денес, 27 јануари (сабота) од 11 до 19 часот ќе ги пречека љубопитните книгољупци.

„Илика“ го слави длабокото значење на независните издавачи и книжарници, изнедрувајќи се како доказ за трајниот дух на книжевната различност и поврзаноста на заедницата. Во време кога конгломератите доминираат на пазарот, овие независни засолништа стануваат културни светилишта, поттикнувајќи богата таписерија на гласови и идеи.

За страсните љубители на книги кои добро го знаат книжевниот ритам на големиот град, „Илика“ нуди повеќе од само наслови; обезбедува засолниште за уморните умови на кои им треба одмор. Среде високите згради и урбаниот хаос, важно е да се има мирен агол за читање.

Разговаравме со Катерина Шекутковска, основачката на „Илика“, за идејата да создаде место за оние кои бараат утеха во прегратката на волшебните приказни, создавајќи светилиште каде времето забавува, а имагинацијата лета. Во овој интимен простор, спојот на пријатно ќоше за читање и ароматичната привлечност на свежо кафе станува светилник на спокојството за жителите на градовите гладни и за литературно бегство и за моментална пауза од секојдневната гужва.

Катерина ги поканува сите книгољупци да дознаат повеќе за изборот на книги кој го направи во склоп на темата за месец февруари „Ајде да летаме“, најавувајќи ја „Илика“ како нов простор за книжевни средби, разговори и откритија.

„Кафе-книжарницата Илика е наша нова тајна оаза во срцето на Скопје каде што ќе можете (барем накратко) да избегате од градската бучава, да го пролистате дневниот весник пиејќи кафе или чај и да уживате во одбрани книги од помалите македонски издавачки куќи. Покрај изданијата на издавачката куќа Илика, тука ќе може да најдете одбрани изданија на издавачките куќи Или-Или, Темплум, Полица, Антолог, Бегемот, Сигмапрес, Бункер, ПНВ Публикации, Сказнувалка, Артконект и Слово“, стои во отворената покана за рандеву со новата книжевна приказна на Скопје.

Поразговаравме со Катерина околу раѓањето на „Илика“ - дали беше прво идејата за издавачка куќа, па за кафе-книжарница или тоа беше една голема идеја?

Одамна сакав да основам издавачка куќа, а идејата да отворам кафе-книжарница се роди околу половина година откако се преселив повторно во Скопје, по скоро девет години минати на студии и работа во јужна Германија. Претходната година случајно налетав на еден оглас кој ми го привлече вниманието: стануваше збор токму за локалот каде што денес се наоѓа „Илика“. Ми се допадна интимната атмосфера, но и локацијата. Парк СФ порано беше збиралиште на млади алтернативни луѓе, во дуќанот со години работеше една продавница за second hand облека која често ја посетував, блиску е до гимназијата „Јосип Броз Тито“ каде што завршив средно училиште, а последно во локалот беше сместено и Амок Радио. Ми се чинеше логично и природно кафе-книжарницата да ја отворам на место што ми е драго и блиско, на место каде што се чувствувам дома.

Уште во најавата за отворањето нагласивте дека покрај вашите изданија, ќе нудите и дела на македонски автори, особено оние кои објавуваат преку помалите издавачки куќи кои често и ги поддржуваат помладите автори. Каква е вашата философија, или политика, на уредување?

Изборот на книги во кафе-книжарницата Илика пред сѐ се фокусира на изданијата на помалите издавачки куќи кои немаат свои матични книжарници или не се доминантни на пазарот. При изборот се трудиме да бидат застапени македонски и странски автори и авторки, а преку темите на месецот ќе се обидеме да го доведеме домашното и странското во заеднички контекст. За месец февруари го одбравме мотото „Ајде да летаме!“ кој од една страна секој ден нѐ бодри да бидеме храбри и истрајни дури ги правиме овие први чекори кон новиот почеток, но од друга страна е и повик кон заедницата заедно да го изградиме ова ново место за средба и разговор. Барајќи книги за темата на месецот и самите бевме воодушевени колку лесно може низ пишаниот збор да се прелета од познатото кон непознатото, но и колку многубројни перспективи нуди една навидум секојдневна фраза.

Во поглед на уредничката политика на издавачката куќа „Илика“, во моментов сме фокусирани на преводи од неколку странски јазици, со надеж дека во иднина ќе соработуваме и со домашни автори и авторки. 

Скопје ја имаше кафе-книжарницата „Магор“, па децении подоцна се роди „Буква“, за сега да ни пристигне „Илика“. Како го гледате овој простор во иднина?

Верувам дека голем дел од идентитетот на едно место е поврзано со луѓето што го создаваат, но и со оние што го посетуваат. Кафе-книжарницата „Илика“ ја замислувам како спокојно место каде што ќе можете да се одморите од градскиот метеж, да се сретнете на кафе со пријателите и пријателките или, пак, едноставно да прочитате едно поглавје од актуелната лектира или да го прелистате дневниот весник. Овој простор во иднина го гледам и како место за мали книжевни настани, како маалски читачки кружок, книжевна работилница за деца или мала книжевна промоција. Пред сѐ се надевам дека „Илика“ ќе биде книжарница каде што луѓето ќе доаѓаат за да откријат и да си купат нови книги, а со тоа и свесно да ги поддржат помалите македонски издавачки куќи и нивната работа.

Како да ја најдете ИЛИКА:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Илика (@ilika.books)

Тагови
реклама

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Read more

Изјавата на Роналдо за Мбапе од пред два месеца сега е хит на денот

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате вишок кортизол

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Култура

Отворен повик за наградата Квир Македониум

Read more

Градот како сцена: Пловечки универзитет - предавање, работилница и шетачка театарска тура по улиците на Скопје

Read more

Оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски е новиот директор на НУ Охридско лето

Read more

„Диптих за Скопје“ со авторите Ивана Јовановска и Иван Шопов во „Буква“

Read more
 

Вести

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Читај повеќе

Комисијата за заштита од дискриминација незадоволна од предлог-законот за основно образование

Читај повеќе

Планиран атентат на италијанската премиерка Џорџа Мелони

Читај повеќе

ЕУ има нов план за мигрантите, промената е драстична

Читај повеќе
  • play_arrow

Лавров влезе во ЕУ, на Захарова ѝ ја укинаа визата

Читај повеќе

Мицкоски: Не може да му помагаме на ЈСП во недоглед

Читај повеќе

Русинка шпионирала во САД за Руската Федерална служба

Читај повеќе
  • play_arrow

Калуѓерка уапсена за поврзаност со италијанската мафија

Читај повеќе

Amnesty International за прв пат тврди дека Израел врши геноцид во Појасот Газа

Читај повеќе