Илјадници Бразилци на улица, Болсонаро во дрес го вееше израелското знаме

Десетици илјади приврзаници на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро вчера излегоа на улиците на Саун Пауло во знак на протест против кривичната истрага против поранешниот десничарски претседател.

Новинскиот портал G1 објави дека приврзаниците на Болсонаро марширале по Авенида Паулиста протестирајќи против истрагата за наводната вмешаност на Болсонаро во обидот за државен удар по неговиот изборен пораз во 2022 година.

Демонстрантите носеа израелски знамиња во пркос на актуелниот претседател, кој привлече критики дома поради споредувањето на израелската воена офанзива во Газа со холокаустот.

Болсонаро беше поразен од левичарскиот политичар Луис Инасио Лула да Силва во вториот круг од претседателските избори во октомври 2022 година и, наводно, бил вклучен во плановите за соборување на владата по изборната победа на Лула.

Болсонаро одби да даде изјава за време на неговото последно сослушување во федералната полиција.

„Барам смирување за да може минатото да се избрише. Мораме да најдеме начин да живееме во мир“, рече поранешниот воен офицер Болсонаро, кој исто така вееше израелско знаме и беше облечен во бразилски фудбалски дрес.

URL
Поддржувачите на Болсонаро упаднаа во институциите минатата година

Тој повика на амнестија за неговите приврзаници, од кои некои беа осудени на долги затворски казни за напад на владиниот кварт по изборите.

На 8 јануари 2023 година, една недела откако Лула положи заклетва, приврзаниците на Болсонаро кои одбија да ја признаат неговата победа упаднаа во Конгресот, седиштето на владата и Врховниот суд во Бразилија, предизвикувајќи значителна штета.

Тие ја отфрлија неговата изборна победа и ја повикаа армијата да го собори.

Болсонаро, кој не го призна поразот, отиде во САД пред да му ја предаде власта на Лула. Нападот врз зградите на бразилската влада е бразилска верзија на нападот врз американскиот Капитол од страна на поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на 6 јануари 2021 година, откако тој ги загуби изборите од демократот Џо Бајден.

Врховниот суд започна истрага против Болсонаро поради сомневање дека ги организирал немирите, што тој го негира. Изборната комисија на Бразил му забрани да се кандидира за изборна функција на осум години поради злоупотреба на моќта и медиумите пред изборите во 2022 година.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе