Им плаќаат на граѓаните да одат на работа со велосипед: Дали би функционирало тоа кај нас?

Во многу случаи, урбаните рути на кои секојдневно се превезува по едно лице со автомобил може лесно да се поминат со велосипед, што во градовите со нерамен терен се решава со велосипед со електрична помош.

Сè повеќе земји им плаќаат на своите граѓани да одат на работа со велосипед, а за возврат им нудат зголемен дел од платата што не се оданочува. Ова е практика која веќе ја спроведуваат владите на различни земји како Холандија, Белгија, Велика Британија, Данска или Германија.

Во многу случаи, урбаните рути на кои секојдневно се превезува по едно лице со автомобил може лесно да се поминат со велосипед, што во градовите со нерамен терен се решава со велосипед со електрична помош.

Оваа практика, која стана сè попопуларна со пандемијата, во некои земји е наградена со економски стимулации.

Практиката за дополнително плаќање за вработените кои одат на работа со велосипед беше иницирана во 2014 година од неколку европски влади со цел да се намали загадувањето на воздухот и потрошувачката на гориво и да се подобри здравјето на луѓето.

Најголем дел од програмите што ги воспоставуваат владите се во форма на даночни олеснувања, така што на вработените им се исплаќа дополнителен износ на основната плата, во форма на неоданочив дел од платата.

Овие програми беа толку успешни што со текот на времето се проширија. Белгија го зголеми даночниот поттик за патување до работа на 0,25 евра по километар.

Така, 10-километарскиот пат до работа може да значи дополнителен приход од 1.200 евра годишно. Наградата не ги вклучува здравствените придобивки кои доаѓаат благодарение на секојдневната рекреација во форма на возење велосипед.

Но, Белгија не е единствената што ја нуди оваа погодност за патување до работа со велосипед. Според Светскиот економски форум, слична програма нуди и Холандија, а Обединетото Кралство оди чекор понатаму.

Британските велосипедисти кои ги користат своите велосипеди на пат до работа добиваат 0,23 евра по километар, а има и стимулативна програма за изнајмување велосипеди, како и можност за купување и попуст на облека и опрема за возење велосипед.

Во случајот на Луксембург, даночното поттикнување е околу 300 евра за купување електричен велосипед за да оди на работа.

Македонија нема национална велосипедска стратегија

Европската велосипедска федерација објави нов извештај за состојбата со националните велосипедски стратегии во европските земји, во време кога расте политичкиот интерес за возењето велосипед како одржлив и здрав начин на патување.

Клучните точки во извештајот наведуваат дека вкупно 23 земји имаат или во еден момент имале национална стратегија за транспорт на велосипед. Во 10 земји, вклучувајќи ја и традиционалната велосипедска нација Данска, оваа стратегија е застарена. Пет земји во моментов развиваат национални стратегии, вклучувајќи ги Грција, Италија и Украина.

Деветнаесет земји, претежно од Балканот, Источна Европа и Кавказ, никогаш немале национална стратегија за развој на велосипедизмот и во моментов не развиваат. Во оваа група е вклучена и Македонија.

Класичните мерки во процесот на развивање ваква стратегија вклучуваат унапредување на комбинираниот транспорт, законски измени на прописите за патниот сообраќај и развој на национална мрежа на велосипедски рути.

Времетраењето на повеќето стратегии се совпаѓа со времетраењето на мандатите на владите што ги усвоиле, додека другите земји усвоиле стратегии за период од седум, десет или 25 години, се вели во извештајот на Европската велосипедска федерација.

НаТочак и ЦОИ спроведоа онлајн анкета во ноември, 2020 година, на која одговорија 1.615 учесници во градскиот сообраќај во врска со нивното движење низ Скопје пред корона и за време на корона – кризата и нивното мислење за велосипедот.

Анкетата покажува дека корона кризата дефинитивно повлече промена во транспортните навики на Скопјани, односно, 28% направиле промена како резултат на појавата на вирусот, пишува Радио МОФ.

„Во моментов севкупно сообраќајот и бројот на патувања се намалени (помалку се оди на работа и голем број активности се извршуваат на интернет), но бројот на индивидуални корисници на автомобилот пораснал за 21.56% за време на кризата, а бројот на корисници на јавниот превоз се намалил за 55.43%. Многу (90%) од оние кои споделениот автомобилски или јавниот превоз го замениле со сопствен автомобил, го направиле тоа поради страв од зараза“, велат велосипедските организации.

Со оглед на тоа дека граѓанските здруженија уште се борат за пристојна инфраструктура за редовен и безбеден транспорт со велосипед, идејата градот или државата да плаќа за возење велосипед наместо автомобил кај нас се чини како нешто што би можело да се случи во далечната иднина.

Што мислите Вие? Дали би возеле велосипед наместо автомобил до работа? А што ако ви биде платено?

реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Помрачување на Сонцето на 17 февруари: Нов почеток за 4 хороскопски знаци

Read more

Катаклизмична бура ја разнесе Грција: Плажи се претворија во ровови, патишта и домови целосно уништени

Read more

Исчезнатиот Виктор Илиоски најден починат

Read more

Македонија

Капиштец повеќе од 6 часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Read more

Јанчев од Левица пред една година предупреди како владите ги разбиваат синдикалните организации и барања

Read more

Утре променливо облачно време со температура до 11 степени

Read more

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Read more
 

Вести

Капиштец повеќе од 6 часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Читај повеќе
  • play_arrow

Јанчев од Левица пред една година предупреди како владите ги разбиваат синдикалните организации и барања

Читај повеќе

Илјадници во Косово протестираа против судењето на командантите на ОВК во Хаг

Читај повеќе

Силен земјотрес во Босна, почувствуван и во Далмација

Читај повеќе

Утре променливо облачно време со температура до 11 степени

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Катаклизмична бура ја разнесе Грција: Плажи се претворија во ровови, патишта и домови целосно уништени

Читај повеќе

Глумците ПЕАТ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Татко ја убил мајката на натпревар на нивниот син

Читај повеќе

Кина забрзано гради нуклеарни подморници

Читај повеќе