Индексот S&P 500 на Волстрит скокна на ново рекордно ниво

Вчера на Волстрит индексот S&P 500 скокна на ново рекордно високо ниво, благодарение на растот на цените на акциите во технолошкиот сектор, додека новите податоци покажаа дека инфлацијата во САД благо зајакна.

Dow Jones зајакна 0,61 отсто, на 39.005 поени, додека S&P 500 скокна за 1,12 отсто, на 5.175 поени, а индексот Nasdaq за 1,54 отсто, на 16.265 поени.

Ѕвезда на денот вчера беа акциите на Oracle, кои скокнаа за речиси 12 отсто до рекордни високи, откако технолошкиот гигант објави подобри од очекуваните квартални резултати.

По два дена пад, вчера силно пораснаа и цените на акциите на производителите на чипови, а најмногу Nvidia за повеќе од 7 отсто. Затоа инвеститорите не беа обесхрабрени ниту од малото зголемување на инфлацијата во САД. Вчера беше објавено дека во февруари потрошувачките цени се зголемени за 0,4 отсто на месечно и 3,2 отсто на годишно ниво.

И покрај стагнацијата, па дури и благото зголемување на инфлацијата во последните два месеци, на пазарот сè уште стои ставот дека американската централна банка би можела да започне со намалување на каматните стапки во јуни.

„На пазарот преовладуваше ставот дека не е толку важно кога ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки, туку колку ќе ги намали. А дали тоа ќе биде во мај, на што се надеваа инвеститорите, или во септември, е не е толку важно. Важно е дека каматните стапки наскоро ќе се намалат“, вели Оливер Пурше, потпретседател во Wealthspire Advisors.

Тој, исто така, посочува дека економијата постојано расте и дека, според сите оценки, ќе ја избегне рецесијата.

„Преферирам економијата да биде силна, иако со повисоки каматни стапки, отколку да биде слаба и да има потреба од стимулација“, вели Пурше.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна 1,02 отсто, на 7.747 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,23 отсто, на 17.965 поени, а париски CAC 0,84 отсто, на 8.087 поени.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе