Инфектолог Наунова-Јовановска и сестра Темелковска: Секој да ја прими вакцината против COVID-19

Докторката Добринка Наунова-Јовановска и главната медицинска сестра Габриела Темелковска од Клиниката за инфективни болести, кои денеска први ја примија вакцината против COVID-19 во државава, изјавија дека се чувствуваат одлично и препорачаа секој да се вакцинира.

„Јас ја примив вакцината, се чувствувам одлично. Самото аплицирање на вакцината е безболно и можам да препорачам секој од нас кој е во оваа држава да прими вакцина, по сопствен избор нормално, кој сака Pfizer, кој сака некој друг тип вакцина. Тоа е единствен начин да се заштитиме од овој тип на инфекција што се случува последнава година, со која цел свет се бори, па и ние. Втората доза се прима на дваесет и првиот ден, и тоа е закажан термин кога треба да ја примам втората доза. Имунитетот се стекнува веќе за две до три недели, се постигнуваат заштитни антитела. Тоа е индивидуално, би требало да се постигне тој имунитет. Ќе се чувствувам посигурна, во однос на тоа ако случајно дојдам во контакт со некој кој е инфициран, мислам дека многу полесно ќе се справам со таа инфекција“, рече инфектологот Наунова Јовановска.

„За мене, посочи таа, ќе биде една голема сигурност тоа што сум примила вакцина и веројатно ќе бидам заштитена многу повеќе од оние што не примиле вакцина. Индивидуално е кој колку ќе развие антитела и со каков тип на имунитет ќе одговори, меѓутоа воглавно 95 отсто е заштитната моќ на оваа вакцина и јас се надевам дека ќе бидам во тие 95 отсто заштитени, и тоа е она што дава некоја сигурност за понатаму“, додаде д-р Наунова Јовановска.

Главната медицинска сестра на Инфективната клиника, Темелковска изјави дека ја примила вакцината и се чувствува одлично.

„Ги поканувам сите да се пријават да се вакцинираат. Секако дека се чувствуваме посигурни, со вакцинацијата ќе се намали и бројот на новозаболени и ќе почнеме да се враќаме во нормален живот“, додаде Темелковска. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе