Интересни факти за Кинеската Нова Година

Доколку некогаш сте се прашувале што е различно, а што автентично околу Кинеската Нова Година, време е да откриеме неколку интересни факти околу овој празник кој се прославува во Кинеското општество, векови наназад.

- Кинеската Нова Година или Лунарна Нова Година се прославува секoја година во Кина и е позната уште и под името Пролетен фестивал (Chineese Spring Festival). 

- Името Пролетен Фестивал го наговестува „Почетокот на пролетта“, односно крајот на зимските денови, а почетокот на пролетта и топлите сончеви денови. 

- Кинеската Нова Година е најголемиот традиционален празник во Кина, за кој најмалце 2 милијарди Кинези се собираат и се враќаат од сите краеви на светот, за да бидат заедно со своите семејства.

- Оваа година, Кинеската Нова Година се прославува на 8 Февруари, а завршува на 27 Јануари 2017 год.  Вечерта кога се прославува Новогодишната ноќ, уште се нарекува Лунарна новогодишна ноќ или семејно обединување. 

- Во центарот на вниманието е и храната, а особено е важно да се јадат многу слатки, бидејќи се сметаат за можност да се заслади новата година. Традиционално се јаде пудинг од ориз, кандирано овошје и семки.

- Според легендите, на новогодишната Лунарна ноќ, се верува дека од својата скривнива се појавува  чудовиштето „Нијан“ – пола змеј, пола лав, и ги напаѓа луѓето.

- Исто така се верува дека ова чудовиште се плаши од црвената боја, па поради тоа се е во знакот на црвената боја. Црвената е боја на сонцето и симбол на силата, крвта и животот, па и боја на огнот со кој се истерува змејот и симболизира топлина и славење. 

- Домовите се украсуваат со специјални црвени украси, кои ја имаат тематиката  на  „среќа" или „дупла среќа - љубов", „богатство" и „долг живот".  

- Од крајот на јануари до средината на февруари слават Кина, Хонк Конг, Макау, Тајван, Сингапур, Тајланд, Камбоџа, Индонезија, Малезија, Маурициус и Филипинте и секаде каде што преовладува кинеската популација.

- За секоја година Кинезите имаат одредено по едно животно – заштитник или симбол. Оваа година е година на мајмунот. Мајмунот е деветти член на кинескиот животински астролошки циклус и симболизира љубопитност, палавост и интелегенција.

- Славењето трае цели 15 дена, се до мала Нова година, кога семејствата официјално се разидуваат, а некои членови се гледаат со семејството на следната Кинеска Нова Година.

По повод „Кинеска Нова Година 2016“, во азискиот ресторан Пекинг Гарден во Скопје, во периодот од 01.02-16.02.2016 год. сите обожаватели на суши ќе имаат можност да уживаат по специјални цени од 50 попуст со самопослужување, на првата  „Running Sushi“ лента во Скопје.

Во чест на Кинеската нова година, сите гости на Пекинг Гарден ќе бидат послужени со десерт од куќата – „Пржен сладолед“ со вкус по избор.

Пекинг Гарден е прв елитен ресторан, кој автентично ги доловува азиската кујна која се состои од јадења и специјалитети од Источна Азија , Југоисточна Азија, Јужна Азија, Централна Азија и Блискиот Исток.

Пекинг Гарден се наоѓа на улица Максим Горки бр.3 на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје, на местото на поранешна Пивница, веднаш до Кафе Тренд.

За сите информации обратете се на телефонот 071/381-981.

Пекинг Гарден ви ја честита новата кинеска година и ви посакува благодет, успех и многу весели моменти.

*Промотивен текст

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more
 

Магазин

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе