Интерпол ја бара исчезната Вања

На барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за ичезнатата Вања Ѓорчевска од страна на Интерпол.

Од МВР информираа дека за решавање на случајот и пронаоѓање на 14-годишното девојче е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани се камери.

„Податоците за исчезнатото лице на 28 ноември во 13:00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол“, велат од МВР.

Се додава дека истрагата продолжува интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот утрото во Скопје, на пат кон училиштето „Песталоци“ во близина на Дебар Маало. Последен пат била забележана на булеварот „Партизански одреди“ пред „Броз кафе“, од каде што ѝ се губи трагата.

Девојчето е високо 175 сантиметри, тешко 58 килограми. Има темнокафеава коса, кафеави очи, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Пред исчезнувањето била облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носела школски ранец и мобилен телефон iPnone, објави МВР.

Освен полицијата, по Вања тргаат и нејзините соученици од училиштето „Јохан Хајнрих-Песталоци“, кои лепат нејзини фотографии во градот, а во потрагата се вклучени и семејството, роднини и пријатели и голем број граѓани.

Семејството и полицијата постојано апелираат да не се споделуваат дезинформации на социјалните мрежи и во медиумите кои ја попречуваат истрагата и го вознемируваат семејството на исчезнатото девојче.

Тагови
реклама

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Read more

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Македонија

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон

Read more

Милошоски: За прв пат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД

Read more

Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот

Read more

Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје

Read more
 

Вести

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон

Читај повеќе

Орбан пред инаугурацијата на Трамп: Уште неколку часа и сонцето ќе свети поинаку во Брисел

Читај повеќе

Милошоски: За прв пат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД

Читај повеќе

Трагедија во Делчевско: Се запали куќа, загина 37-годишен маж

Читај повеќе

Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовно уништување: Газа од дрон на првиот ден од прекинот на огнот

Читај повеќе

Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје

Читај повеќе

За наградата Роман на годината во трка 43 романи

Читај повеќе

Инаугурацијата на Трамп ќе биде напладне по американско време

Читај повеќе