Инвеститорите на Волстрит претпазливи, август традиционално е слаб месец за тргување

На Волстрит, индексот S&P 500 вчера благо падна бидејќи по силниот раст на цените на акциите во последните месеци, инвеститорите беа внимателни на почетокот на август, кој вообичаено е слаб месец за пазарите на капитал.

Dow Jones зајакна 0,20 отсто, на 35.630 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,27 отсто, на 4.576 поени, а индексот Nasdaq 0,43 отсто, на 14.283 поени.

Во јуни и јули, овие индекси силно се зголемија благодарение на надежта на инвеститорите дека американската економија ќе избегне рецесија и дека американската централна банка наскоро ќе го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки. Индексот S&P 500 го достигна највисокото ниво во последните 16 месеци во понеделникот и сега е само околу 5 отсто подалеку од неговиот рекорд поставен на 3 јануари 2022 година.

Инвеститорите ги следат деловните резултати на компаниите

„Во јуни и јули цените на акциите навистина силно пораснаа. И сите знаат дека август е историски прилично слаб месец за тргување. Затоа ми се чини дека инвеститорите решија да здивнат“, вели Скот Ладнер, директор во Horizon Investments. Во последните денови инвеститорите се фокусираат на кварталните деловни резултати на компаниите.

Досега, повеќе од 170 компании од индексот S&P 500 ги објавија своите деловни извештаи, при што околу 82 отсто од нив ги надминаа проценките на аналитичарите по заработка. Затоа, во истражувањето на Ројтерс, сега аналитичарите проценуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 во вториот квартал паднала за 5,9 отсто на годишна основа, додека пред една недела очекувале пад од 7,9 отсто.

Но, на почетокот на јули се очекуваше пад на заработката од 5,7 отсто. Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,43 отсто, на 7.666 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 1,26 отсто, на 16.240 поени, а париски CAC 1,22 отсто, на 7.406 поени.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе