Иран и Саудиска Арабија ги затоплуваат односите

Иранските власти изразија задоволство од промената на тонот на Саудиска Арабија откако саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман, изјави дека Ријад сака добри односи со Техеран.

Иран и Саудиска Арабија ги прекинаа дипломатските односи во 2016 година и со години заемно се обвинуваат за дестабилизација на Блискиот Исток. Покрај тоа, Саудиска Арабија е сојузник на САД, кои Ирам ги смета за свој непријател.

Сепак, Мохамед бин Салман во вторникот рече дека Иран е соседна земја и оти единствено што Саудиска Арабија сака е да има добри и посебни односи со Иран. Овие зборови на саудискиот принц означуваат промена на неговиот тон. Досега, Мохамед бин Салман редовно го обвинуваше Техеран дека ја подгрева регионалната нестабилност.

– Иран беше првиот кој тргна на патот на регионалната соработка и ја поздравува промената на тонот на Саудиска Арабија. Со усвојување на конструктивни ставови засновани на дијалог, овие две важни земји во регионот и исламскиот свет можат да ги надминат разликите и да отворат нова страница соработка за мир, стабилност и развој во регионот, изјави Саид Хатибзаде, портпарол на иранското Министерство за надворешни работи.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе