Во текот на ноќта во НБА се одиграа четири натпревари, а прва ѕвезда на вечерта беше Кајри Ирвинг.
Бруклин Нетс го совлада Орландо Меџик на гости со 150:108, а повеќе од третина од поените на победничката екипа беа дело на феноменалниот Кајри Ирвинг.
Ирвинг постигна рекорд во кариерата постигнувајќи дури 60 поени со фантастичен удар од игра 20/31. Постигна дури 8 тројки, а забележа и 6 скока и 4 асистенции.
Феникс Санс ја забележаа 55-тата победа сезонава на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс со 131:115. Феникс до победата беше предводен од Девин Букер кој запиша 27 поени, 5 скокови и 8 асистенции.
Мајами Хит го совлада Детроит Пистонс со 105:98 со 29 поени на Тајлер Хироу, додека Мемфис Гризлис ја победи Индијана Пејсерс на гостински терен со 135:110.
Табела: