Девојка од Скопје и жена од Виница се пријавени за исчезнати вчера.
В.К.(44) пријавил дека на 14 септември од домот во непознат правец се оддалечила неговата 16-годишна ќерка, која била со нарушено ментално здравје.
Љ.М. од Виница (65) пријавил дека на 13 септември од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга С.М. (47).
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.