Исланд најбезбедна земја во светот, Македонија на 59 место

Њујорк, 31 јануари 2019 (МИА) – Исланд е најбезбедна земја во светот, според листата на њујоршкиот магазин „Глобал Фајненс“, додека Македонија е рангирана на 59 место меѓу 128 држави опфатени со анализата.

По Исланд, на листата најбезбедни земји следуваат Швајцарија и Финаска, додека на двете последни места се Јемен и Филипините, Интересно е дека Македонија е побезбедна земја од САД, кои се на 65-то место.

Од земјите во регионот најдобро котира Словенија на 12-то место, Хрватска е на 22, Бугарија на 42, Босна и Херцеговина на 56, Грција на 57, Србија на 58, а Албанија на 69 место на листата.

Во образложението на листата, магзаинот наведува дека при рангирањето биле земени предвид три фактори: војната и мирот, личната безбедност и ризикот од природни непогоди.

Резултатот ги сумира индексите на трите ризици и претставува сеопфатен поглед на безбедноста на секоја земја одделно, што значи дека високо ниво на ризик кога е во прашање еден фактор, има големо влијание на конечното рангирање на земјата, наведува „Глобал Фајненс“.

Според магазинот, тоа што Филипините се наоѓаат на последото место, зад Јемен, каде се води граѓанска војна, се должи на фактот што земјата има „лоши резултати“ во однос на личната безбедност и зачестеноста на природни непогоди.

– Ужасниот резултат на Јемен е последица на војната и гладта, но оваа земја има сосема мал ризик од природни непогоди. Затоа Филипините се полошо рангирани од Јемен, икао Јемен е воена зона, истакнува „Глобал Фајненс“.

На врвот на листата меѓу првите 20 земји, дури 16 се од Европа, а покрај нив, надвор од европскиот континент се само Катар, Сингапур, Нов Зеланд и Канада.

– Економскиот развој по се изгледа го намалува ризикот од избувнување воен судир или насилство во семејството. Во суштина, овие два фактори се поподложни на контрола, отколку ризикот од природните непогоди, врз кои често влијае географијата, наведува магазинот.

Сепак, има неколку значајни исклучоци за некои економски развиени земји, како што се САД, што се должи на фактот дека ризикот од насилни злосторства е погоолем поради високата стапка на убиства, што влијае на намалување на личната безбедност. Доплнително, САД имаат и нешто поголем ризик од природни непогоди.

Поради големиот ризик од елементрани непогоди и една од економски најравиените земји во светот – Јапонија, е рангирана на 43-то место на листата, зклучува „Глобал Фајненс“. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе