Истражување: Новиот сој на коронавирусот не е посилен од изворниот

Ново британско истражување покажа дека новиот сој на коронавирусот, кој во декември се појави во Велика Британија, не предизвикува посериозни болести од изворната варијанта.

Научници утврдија дека новиот сој може побрзо да се шири и во склоп на студијата извршија истражување над две групи луѓе на иста возраст, исто потекло и ист пол. Така, 1.769 луѓе заразени со новиот сој биле споредени со 1.769 луѓе заразени со изворната варијанта на вирусот.

Од 42 пациенти во болница, 16 биле заразени со новиот сој, додека 26 со изворната варијанта. Кога станува збор за смртноста, починале 12 пациенти заразени со новиот сој, а 10 заразени со изворната варијанта.

„Во прелиминарните резултати на студијата не е откриено статистички значајна разлика во хоспитализацијата и смртноста меѓу двете варијанти. Исто така, голема разлика не е забележана ни во случај на повторна инфекција во споредба со новиот сој и изворната варијанта“, нагласено е во студијата.

Сепак, резултатите покажале дека уделот на контакти на потврдени случаи кои сами ја развиваат болеста бил поголем кај луѓето заразени со новиот сој.

Бројот на заразени не престанува да расте во Велика Британија, каде вчера за еден ден беа пријавени 53.135 нови случаи.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе