Истражување покажа дека парите сепак можат да купат среќа

Иако познатата народна поговорка вели дека „среќата не може да се купи со пари“, се чини дека еден неодамнешен експеримент покажа поинаку. А, се знае и колкава сума пари е „доволна“ за луѓето да бидат среќни.

Истражувањето спроведено на мала група луѓе сугерира дека парите навистина можат да купат среќа - барем за шест месеци. Сепак, ова важи само за домаќинствата кои заработуваат до 123.000 долари.

Една студија објавена во списанието PNAS ги проучувала „ефектите“ од давање паушална сума од 10.000 долари на 200 луѓе од 7 различни земји.

Парите, кои дошле од двајца анонимни богати донатори, биле дистрибуирани на PayPal преку партнерство со организацијата TED.

Учесниците кои ги добиле парите имале задача да ги потрошат во рок од три месеци и да водат месечна евиденција за тоа колку се среќни. Во меѓувреме, евиденција воделе и стотина луѓе кои не добиле пари. Истражувачите ја „мереле“ среќата со тоа што луѓето ги рангирале колку се задоволни од својот живот на скала од 1 до 7, како и колку често доживуваат позитивни и негативни чувства, на скала од 1 до 5.

По три месеци, очекувано, групата која добила 10.000 долари пријавила повисоки нивоа на среќа од оние кои не добиле пари, што се повторило и по следните три месеци. Сепак, забележано е дека една група луѓе не забележала промена во позитивните чувства.

Станува збор за луѓе чиј приход бил 123.000 долари годишно. Нивното ниво на среќа останало исто и откако ги добиле овие 10.000 долари.

Инаку, вреди да се спомене дека експериментот е спроведен во три земји со ниски приходи - Индонезија, Кенија и Бразил и во четири земји со високи приходи - Обединето Карлство, САД, Австралија и Канада. Учесниците од земјите со низок приход пријавиле повисоки нивоа на среќа, додека обратното било во земјите со високи приходи.

„Десет илјади долари на одредени места низ светот навистина можат да ви купат многу. Некои луѓе потрошиле многу пари за да ја исплатат хипотеката или да ја реновираат својата куќа“, рече коавторот на студијата, Рајан Двајер, кој го спровел истражувањето како доктор на науки.

Учесниците забележале како ги трошат парите, но истражувачите сè уште ги анализираат податоците за да видат до кој тип на трошење довело кога биле најсреќни.

Отпрвин, учесниците во студијата не знаеле за што се пријавуваат. Во декември 2020 година, TED ги поканил луѓето на Twitter да се пријават за „мистериозен експеримент“, кој е „возбудлив, изненадувачки, малку одзема време, можеби стресен, но веројатно и животоменувачки“.

Неколку месеци подоцна, избраната група добила инструкции, каде што им било кажано дека ќе добијат 10.000 долари.

Двајер, исто така, истакна дека мисли дека поголемите суми - како, на пример, неодамнешниот џекпот на лотаријата Powerball од 2,04 милијарди долари - ќе донесат уште поголемо зголемување на среќата.

„Луѓето кои добиваат на лотарија се посреќни многу, многу години подоцна“, заклучи тој.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Живот

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Read more

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Read more

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Read more

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе