Италија: Бројките растат, вакцинацијата никако да мрдне

Во Италија постојано се зголемува бројот на заразени со коронавирусот, додека земјата воведува посилни мерки за запирање на ширењето на инфекцијата, пренесуваат светските агенции.

Во средата беа регистрирани 21.267 новоинфицирани со коронавирус, во вторникот 18.765, во понеделникот 13.846 новоинфицирани, така што вкупниот број на лица заразени со вирусот од почетокот на епидемијата надмина 3,3 милиони.

Повеќе од 400 луѓе умираат секој ден во земјата, дури 551 во вторникот, најголема бројка од крајот на јануари, додека земјата се бори да го спречи третиот бран на епидемијата, поттикнат од новите, позаразни варијанти на вирусот, а истовремено се обидува да ја придвижи бавната кампања за вакцинација.

Според Министерството за здравство, од почетокот на епидемијата во февруари 2020 година, вкупно 106.339 лица починале од COVID-19.

Колективен имунитет до крајот на летото?

Досега се дадени околу 8,1 милиони дози од вакцината, а нешто повеќе од 2,5 милиони луѓе или околу четири проценти од населението ги примиле двете дози.

Кампањата за вакцинација беше особено тешка во една од најпогодените провинции, Ломбардија, поради постојаните проблеми со апликациите за вакцинација, а во некои центри речиси и да немаше вакцинациии во текот на изминатиот викенд.

Регионалниот гувернер Атилио Фонтана поради пропустите побара оставка од управниот одбор на Aria, компанијата во сопственост на покраината, која управува со апликациите за вакцинација.

Покраината сега ќе премине на систем за известување развиен од италијанската поштенска служба и кој веќе се користи во други делови на земјата.

Премиерот Марио Драги, кој ја презеде должноста минатиот месец, вети големо забрзување на вакцинациите, предупредувајќи на хаос во некои региони.

Владата на Драги има намера да ја удвои стапката на вакцинација на 500.000 дози на ден до средината на април во надеж дека ќе постигне колективен имунитет до крајот на летото.

реклама

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе