Италија забрани вештачко месо: Доста ни е од оваа зелена глупост

Макфакс
/ 07.11.2023 / 15:00

„Италија ќе ја забрани синтетичката храна“, изјави италијанскиот министер за земјоделство, Франческо Лолобриџид,а на настанот организиран од европските конзервативци и реформисти.

„Италија ќе биде првата нација без синтетичка храна, а со тоа сакаме да станеме пример за другите, како да ја регулираат таа индустрија“, рече Лолобриџида на собирот во Ирска наречен „Традиции и иновации: Конзервативна иднина за европските фармери“, кој ги собра водечките конзервативни политичари.

Италијанскиот министер посочи дека е недозволиво квалитетната храна да се резервира само за богатите.

Со него во голема мера се согласи и европскиот комесар за земјоделство, Јануш Војчеховски,, кој додаде дека тој се залага за традиционално земјоделство и дека синтетичкото месо не е месо, како што синтетичкото млеко не е млеко.

„Користењето на името 'природен производ' за нешто што е синтетичко, според мене не е добра насока“, рече тој, истакнувајќи дека Европската комисија издвојува повеќе од 6 милијарди долари за благосостојбата на животните и традиционалното земјоделство.

Сепак, како што пишува Euractiv, земјоделскиот модел што го предлагаат конзервативците е спротивен од оној што го усвои ЕУ.

„Фармерите, одгледувачите и рибарите плаќаат многу висока цена за идеолошката глупост на Европскиот зелен договор, кој ги казнува производителите со цел за намалување на емисиите, што само ќе доведе до намалување на производството на храна“, објасни европратеникот Карло Фиданца.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе