Италијанец се вратил од патување и открил дека е позитивен на мајмунски сипаници, COVID-19 и ХИВ

Италијанец е првиот човек во светот кој истовремено е позитивен на мајмунски сипаници, COVID-19 и ХИВ.

Пациентот (36) дошол на лекар откако по враќањето од петдневното патување во Шпанија, каде имал незаштитен секс со мажи, добил висока температура, болки во грлото и главата, како и воспаление во пределот на препоните.

Три дена по појавата на симптомите, тој бил позитивен на коронавирусот, објави стручното списание  Journal of Infection.

Само неколку часа по позитивниот тест за корона, на неговата лева рака се појавило црвенило. По неколку дена, сипаниците се прошириле по целото тело, па бил примен во болница во Таканија.

На клиниката му биле направени низа тестови при што е утврдено дека е позитивен на мајмунски сипаници, COVID-19 и ХИВ.

Тестот за ХИВ покажал високо ниво на вирусот, а негативниот тест направен пред една година бил доказ дека тој неодамна се заразил.

По една недела тој бил пуштен од болница, откако се излекувал од COVID-19 и мајмунски сипаници.

– Овој случај покажува како симптомите на мајмунски сипаници и COVID-19 може да се преклопуваат и потврдува дека во случај на коинфекција важно е да се испитаат сексуалните навики за да се дојде до правилна дијагноза, велат научниците од Универзитетот во Катанија во својот извештај.

Тие предупредија дека брисот од грлото на пациентот бил сè уште позитивен и по 20 дена, што укажува дека лицето сè уште е заразно.

Бидејќи ова е прв случај на лице заразено со три вируси, докторите велат дека нема доволно докази дека оваа комбинација може да ја влоши состојбата на пациентот. 

реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе