Ивана Кнез со тајна вечера го отвори Скопски моден фестивал

Македонската дизајнерка ги прослави петнаесетте години присуство на домашната сцена со драматичниот спектакл „Viva La Drama“, кој се одржа синоќа во трговскиот центар Diamond Mall.

Mистеријата е конечно разрешена – домаќинка на тајната вечера за која се подготвуваа главните протагонисти од најавнaта кампања за четвртата сезона на Skopje Fashion Festival powered by Државна лотарија – всушност е Ивана Кнез, која на присутните гости под маски им ја сервираше цела своја кариера, преточена во креации инспирирани од петте филмови кои оставиле најсилен впечаток во креативната дејност на дизајнерката.

„Инспирирана сум од пет култни филмови кои влијаеа во создавањето на тоа што сум, култни филмови кои до ден денес менуваат животи. Ја посветувам на моите најмили, на оние кои ме поддржаа, без разлика на се што се случи изминативе петнаесет години. Наменета е за жени кои не се плашат да живеат, кои не се вклопуваат во туѓи критериуми за среќа и кои имаат храброст да бидат свои“, истакна Ивана Кнез.

На модната ревија со драмски призвук, дизајнерката ја претстави новата колекција, која е стилски омаж на филмовите: The Pink Panther (1963), Scarface (1983), Pulp Fiction (1994), The Fifth Element (1997) и Gladiator (2000), низ сценска игра на моделите, кои слободно комуницираа со публиката, претворајќи ја и неа во активен учесник во претставата. Шоуто кулминираше со изведбата на „Lady Marmalade“ oд музичката ѕвезда  Бојана Скендеровски, додека манекенките дефилираа во црвени корсети, буква по буква, за френетичен завршеток на спектаклот „Viva La Drama“.

Свеченото отварање на четврта сезона на Скопски моден фестивал, кој втора година по ред се одржува во партнерство со Државна лотарија, продолжи со уметничкиот перформанс на артистот Бојан Ковски, во соработка со луксузниот бренд за накит Ador. Ана Ежова се појави во улогата на Венера, но во позлатена верзија, како од вештите раце и цртежот на тело од Ковски, така и со златните ланци и прстени од Аdor. Првата фестивалска вечер на Skopje Fashion Festival заврши со забава во ресторанот Мilo, каде до доцните часови се споделуваа импресиите од „Viva La Drama“.

 

Официјални партнери за убавина на настанот се групацијата Orbico и FABUspot, застапени со брендовите: MAC, Bоbbi Brown, Clarins, Estée Lauder и Shiseido. Официјални партнери за нега на коса на фестивалот се Dakalama, со широката палета на производи од: K18, Glynt и Reuzel. За здравата и блескава насмевка на моделите се заслужни продуктите од Happy Smile. Гостите на фестивалот наздравуваа со сортните вина на Venec Winery, додека вкусните закуски ги приготви тимот на M House. Чевлите кои ги носеа моделите ревијата се од новата сезонска колекција на Marabella.

 

Втората ревиска вечер на Skopje Fashion Festival powered by Државна лотарија ќе биде во знакот на „Diamond Show“, најголемата модна ревија направена од овој тип досега, со заедничко претставување на петнаесет премиум брендови од трговскиот центар, над 70 модели на писта, поделени во три различни тематски делови: LUX LOOKS, FANCY SPORT и SMART ELEGANCE. Дека на македонската мода ѝ претстои светла иднина, пак, ќе потврди студентската ревија на Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје и групата млади и талентирани студентки: Албина Османи, Рувејда Шабани, Атиџе Алими, Мелиса Муртези, Алејна Шабани, Фатмире Усеини и Албина Аслани, со нивната нова колекција инспирирана од домородните Американци. Ментор на групата е професорката Емира Имери, моден дизајнер и костимограф. Програмата на вториот ден започнува од 20 часот. Автор на фотографиите е Антонио Станков.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе