Изменет протоколот за влез во терминалните згради на аеродромите

На аеродромите во државава од синоќа во 21 часот влез во аеродромските терминални згради е дозволен само со приложување: сертификат за извршена вакцинација против COVID-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина, или сертификат / потврда за прележан Ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување.

Ова не се однесува на лица под 18 години.

Во известувањето до патниците на веб страницата на Меѓународниот аеродром Скопје е наведено дека е извршена измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија.

-Согласно Одлуката на Владата за изменување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот Sars-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена извршена е измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија, стои во известувањето.

Од ТАВ Македонија апелираат до патниците да ги почитуваат превентивните мерки против COVID-19 што се применуваат во аеродромската терминална зграда.

-Постојано носете заштитна маска, одржувајте физичко растојание, често дезинфицирајте ги рацете, практикувајте бесконтактни технологии за завршување на аеродромските процедури, порачуваат од ТАВ Македонија.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Read more

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Read more

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Read more

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе